Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Живко Мукаетов одликуван во Витез на Данското знаме од Кралицата

0
By Нова ТВ on June 20, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со указ на Нејзиното Височество, данската Кралица Маргарете II, Живко Мукаетов, генерален конзул на Кралството Данска во Македонија, доби високо одликување: Витез на данското знаме.

Според образложението, престижниот орден кој Мукаетов го доби е признание за неговиот исклучителен придонес во претставувањето на интересите на Кралството Данска во Македонија и промовирање на соработката помеѓу двете земји.

Пригодната церемонија на примопредавање на орденот се одржа во резиденцијата на Кралството Данска во Виена, а одликувањето го изврши Амбасадорката на Кралството Данска во Виена и нерезидентен амбасадор за Македонија, нејзината Екселенција Лиселоте Плеснер која истакна.

– Особено задоволство ми е што во име на Нејзиното Височество, Кралицата Маргарете II можам да го доделам одликувањето ‘Витез на Данското знаме’ на Живко Мукаетов, во чест на признание за неговата ценета служба како Генерален конзул на Кралството Данска. Задоволството е уште поголемо бидејќи сум комплетно уверена дека ова признание навистина го заслужувате како истакнат бизнисмен кој раководи со голема индустрија како Алкалоид, како наш генерален конзул, како хуманист кој делува преку Фондацијата ‘Трајче Мукаетов’ и како човек кој прави максимални напори за спортот, реле Плеснер.

zivko

Ова престижно одликување за прв пат е востановено од страна на Кралот Кристијан V во 1671 година. Орденот е изработен од кралскиот јувелир Антон Микелсен и претставува бел емајлиран крст oд данското знаме порабен со црвено. На врвот од крстот е изработен монограмот на Кралицата Маргарете II а на предната страна стои знакот на основоположникот на „Редот Витез на данското знаме“ со мотото на Редот: Бог и Кралот (Gud og Kongen).

– Би сакал да се заблагодарам на нашата надлежна Амбасада во Виена за честа која ми беше укажана со одликувањето. Овој орден е од огромна важност за мене и за моето семејство. Иако е признание за годините поминати во служба на интересите на Кралството Данска, овој орден за мене лично претставува поттик за уште повисоки достигнувања, продлабочување на соработката и промовирање на интересите на Кралството Данска и на Република Македонија на најдобар можен начин“, истакна Мукаетов по повод одликувањето.

Живко Мукаетов е именуван за генерален конзул на Кралството Данска во Македонија во септември 2007 година, кога беше најмладиот конзул во данската дипломатска мисија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.