Република Северна Македонија и градот Охрид се домаќини на самитот на „Отворен Балкан“ кој се одржува на охридското крајбрежје во хотелот Метропол.

Синоќа премиерот Димитар Ковачевски ги дочека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама, гостите набљудувачи на состанокот црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и претседавачот со колективното босанско претседателство Зоран Тегелтија. На денешниот форум се очекува да се обратат и еврокомесарот за европски прашања Оливер Вархеи а преку видео обраќање говор ќе одржи и заменикот помошник на државниот секретар на САД, Габриел Ескобар.