Во касарната „Илинден“ во Скопје во моментот се одржува централната свеченост по повод 18 август, Денот на АРМ.

Пред присутните ќе се обратат претседателот и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на ГШ, генерал-потполковник, Васко Ѓурчиновски.