Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЖИВОТ НА ПЛУС 40 СТЕПЕНИ: Жешкото време го зголеми и бројот на сообраќајки

0
By НОВА ТВ Balaban on July 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 14, 2021 16:21

Зголемен е бројот на сообраќајни несреќи во последниве денови, па возачите на моторни возила, мотоцикли, но и на велосипеди и тротинети треба многу повеќе да внимаваат кога возат во услови на т.н акумулирана топлина, односно кога подолго време се одржуваат високите надворешни температури. Топлотниот бран во земјава, со температури над 35 степени, трае веќе цел месец. Оваа акумулирана топлина може да биде една од главните причини за зголемениот број сообраќајки, од кои неколку имаа и фатален исход – како ударот во велосипедистот,  предупредуваат лекарите.

И денеска се прогнозира многу топло време во целата земја, со температури дури и над 40 степени Целзиусови со локална облачност поголема во северните делови, со  УВ зраци еднакви на 9, па екипите на Брза помош се често повикувани од страна на граѓаните.

– Неколку итни повици поради колапси на јавни места имавме и вчера, но и денеска не повикуваат и тоа освен за онесвестување на отворено, и поради граѓани кои колабирале во затворен простор, во фирма. Но имавме повеќе повици и интервенции поради направени сообраќајки во градот – освен за велосипедистот, интервениравме и за уште неколку сообраќајни несреќи. Со акумулирање на топлината, како што се случува сега, во време на возењето концентрацијата кај возачите е намалена и директно вакви несреќи може да се случат, па точно имаме се почести повици за сообраќајни незгоди, освен со возила, има и за сообраќајки каде учесници се и возачи на мотоцикли, тротинети, велосипеди…- предупредува д-р Марина Сотировска, шеф на смена во Службата за итна медицинска помош во Скопје.

Таа објаснува кои симптоми се појавуваат кај возачите на вакви тропски горештини:

– Се јавува пад на концентрација, нервоза, помала внимателност, особено во најкритичниот период – од 10 до 17 часот, а тогаш се случуваат и најголемиот број колапси. Затоа возилата мора прво добро да се проветрат, да влезе воздух прво па потоа клима-уредот да се вклучи. Никако да се влегува веднаш во прегреана кола, бидејќи доволно е и кратко време автомобилот да е оставен надвор на топлото време, кое многу ја зголемува температурата во возилото, којашто може да достигне и над 50 степени! Па кај возачите  може да се јави и препотување, несвестица…колапсите најчесто се случуваат при излегување од студено на топло и обратно. Затоа возилото задолжително да се проветри  пред да се придвижи, па потоа да се вклучи климата и да се продолжи со возење – нагласува д-р Сотировска.

Скопската Итна помош има од 80 до 100 повици за 24 часа, а бројот на лекарските екипи е малку намален, бидејќи вработените ги користат годишните одмори.

Лекарите ги повторуваат препораките кои граѓаните треба да ги почитуваат за да не се доведат во непријатна, па и животозагрозувачка ситуација.

– Најважно е да се внесуваат доволно течности, да се пијат безалкохолни пијалоци, а да се консумира лесна храна. Да се носи лесна, светла облека, но се препорачуваат секако и очила за сонце, капа или шешир за да се заштитиме, освен од топлината, и од штетното УВ зрачење кое достигнува и до 9 – вели д-р Сотировска.

Љубица Балабан

 

Екстремно жешко време Итна помош Марина Сотировска сообраќајки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.