Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Живот на работ: жителите од улицата „Караорман“ бр.111

0
By Нова ТВ on February 10, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 10, 2015 13:14

Од двете страни на патниот правец Прилеп-Ресен, непосредно пред тунелот над Битола, се наоѓа населбата „Петочна вода“ населена исклучиво со ромско население. Во населбата живеат приближно 2.000 луѓе, а само во оние 80 куќи од десната страна на патот, околу 400.

Секој случаен патник или намерник кој барем еднаш поминал тука, не можел а да не ги забележи импровизираните куќи, расфрланото ѓубре и големата раздвиженост на млади луѓе и деца кои преминуваат од едната на другата страна од фреквентниот пат, заради што често доаѓа до сообраќајни незгоди во кои најчести жртви се децата. Освен што голем број од нив се здобиле со тешки телесни повреди и останале трајни инвалиди, забележани се и неколку незгоди со смртни последици.

Од тие причини, но и заради повремените протести на жителите на населбата кои незадоволството од условите во кои живеат го манифестираат со палење гуми среде магистралниот пат, возачите на моторните возила на оваа делница мора да бидат исклучително внимателни.

Во зима немаат струја, во лето немаат вода

Од почетокот на тековната 2015 година жителите на дивата и неурбанизирана населба двапати го блокираа патот бидејќи, како што велат, речиси цела зима им била исклучена струјата.

„Во зима немаме струја, во лето немаме вода. Зимава во најголемиот студ ќе ни пуштеа по еден час струја и толку. После ќе ни ја исклучеа и немавме со денови. Мораше да излеземе на патот и да палиме гуми, оти само така можеме да ги натераме да дојдат од ЕВН и да ни ја пуштат струјата. Зарем ако сме Роми зарем немаме право на живот?“, прашува Аким Рустемов.


Севѓур Асаноски има 38 години. За да го прехрани семејството работи како аргат секаде каде што ќе го викнат, но како што вели, и тоа се случувало сѐ поретко.

„Летоска бев да берам вишни и грозје, заработив некој денар и од тие пари купив нешто за јадење, колку да ја поминеме зимата. Ама заради тоа што ни ја исклучуваа струјата, сета храна која ја имав во фрижидерот ми се расипа и морав да ја исфрлам. А дома сме 5 души, живееме со 2.000 денари социјална помош и сега не можеме да се прехраниме“, раскажува Асаноски.

За да не фатат вошки, децата ги капат на река

Струјата не ја плаќаат. Велат немаат од каде, оти живеат само од социјална помош. Од истите причини не ја плаќаат ниту водата, уште повеќе што во летните месеци заради слабиот притисок, како што тврдат, воопшто и ја немаат.

„Во лето алиштата ги переме на река. Ќе ги ставиме валканите алишта во вреќи и одиме на река. Таму и децата ги капеме. Мора така, инаку фаќаат вошки. И после на училиште другите деца ги бркаат оти биле немиени, оти смрделе, па после нашите деца си идат дома со плачење. Да ти кажам право, државата за нас Ромите нема никаков интерес. Сиромашни сме и затоа нѐ користат кога има гласање. Ќе ни ветат и после ич не нѐ есапат за живи“, вели 45 годишната Маџиде Веселоска.


Признаваат дека сами се виновни за дивите депонии, но го обвинуваат и комуналното претпријатие од каде само еднаш во текот на неделата им испраќале камион да го собери ѓубрето. Бидејќи тоа не било доволно да се собере сиот отпад, како што објаснуваат, принудени биле ѓубрето да го фрлаат покрај патот.

И среде целиот тој неред, забележавме нешто што на прв поглед ни падна во очи: помеѓу импровизираните шупи, мудбаци и трошни куќарки, на една од улиците во дивата населба, во должина од триесетина метра има поставено асфалт!

„Колку што се сеќавам, асфалтот го ставија пред 2-3 години преку некоја невладина организација. Рекоа дека тоа било заради Декадата на Ромите. Кога се пушташе улицата дојде и градоначалникот и оттогаш уште еднаш не сме го виделе“, ни рече еден од повозрасните жители кого го затекнавме пред маалската продавница.

Цела населба на иста улица и број

Покрај сиромаштијата, постои уште една работа која е карактеристична за населението од овој дел на „Петочна вода“ – на сите нив во личните карти како адреса на живеење им пишува исто: улица „Караорман“ бр.111.


Иако половината од нив на избори гласаат во објектот на урбаната заедница, а другата половина во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, самите кажуваат дека тоа што сите се водат на иста улица и број им претставува проблем. Бидејќи, велат, додека ги најдат по име и презиме поминувало време и се создавала гужва на избирачкото место.

И покрај сите проблеми со кои се соочуваат и живеењето во супстандардни услови, никому од нив не му се допаѓа идејата за дислокација на населбата. Ќе бидат задоволни доколку редовно имаат струја и вода. Друго, како што велат, не им треба. Не сакаат да живеат во бараки или во станови, оти немаат пари да ги плаќаат давачките.

„Ене онаму, од другата страна патот, пред неколку години направија бараки. По 50-60 луѓе живееја во бараките и за сите нив имаше само едно заедничко купатило. Имаше тепачки кој прв да го користи. Видоа невидоа, сите си заминаа оттаму и бараките останаа празни“, во еден глас велат станарите од улицата „Караорман“ бр.111.

На заминување го сретнавме Бајрам Абдулоски. Комшиите му објасниле зошто сме дојдени, по што Бајрам инсистираше да појдеме до неговата куќа, ако тоа во што неговото седмочлено семејство живее воопшто и може да се нарече така.

Бајрам има 5 деца, две од нив се глувонеми. Сите одат на училиште. На единствениот прозорец во импровизирана куќарка изградена од ламарина и картони нема стакло. Се греат само ако Бајрам донесе некое дрвце од шумата над ридот.

„Од мене посиромав на „Баирот“ нема. Живееме со социјална помош од 3.000 денари. За леб не стасува. Децата ми се гладни, често се разболуваат оти овде кај што спијат дува од сите страни. Кога ќе врне посилен дожд, водата влегува внатре и после сѐ е водено. Нема ни каде да седат, ни каде да спијат. Сликајте каде живеам, белки некој ќе се нажали и ќе ни помогне. Жал ми е за децата, оти ова што ние го живееме не е живот“, со солзи во очите и со надеж дека некој ќе му помогне, го оставивме Бајрам да подзакрпи уште некоја дупка на покривот и колку-толку да ги заштити своите деца од дождот кој штотуку почна да паѓа.


Битолската локална власт не одговора на прашањата на НОВА

Надлежните од Општина Битола ги прашавме дали и како локалната самоуправа планира да го реши проблемот со дивата населба во која не постојат елементарни услови за живот, а која истовремено претставува и опасност за нормалното одвивање на сообраќајот на магистралниот пат Прилеп-Охрид.

За жал, како и во неколку наврати претходно кога е во прашање работата на битолската локална самоуправа, и овој пат прашањата на НОВА останаа без одговор.

На истата тема се обративме и до битолската пратеничка Јулијана Силјановска, членка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

Силјановска вели дека како социјална држава, секоја власт во Македонија треба да има обврска на сопствените граѓани да им обезбеди минимум услови за пристоен живот.

„Неверојатно и жално е денес, во 21 век, да се живее во услови во кои живее дел од ромското население во населбата „Баир“ во Битола. Тие живеат во екстремно лоши, во мизерни услови: без енергична енергија, вода и канализација. Таквата состојба претставува сериозна опасност по здравјето и животот не само за месното население, туку и за останатите граѓани на Битола, со оглед на фактот што може да предизвика појава на епидемии и разни заразни болести“, вели Силјановска .

Според неа, СДСМ има за цел да ги заштити граѓаните кои се на маргините на општеството и истовремено да обезбеди еднакви можности за нивно понатамошно вклучување во општествениот живот.

„Од тој аспект, за надминување, односно подобрување на сегашната состојба, Социјалдемократскиот сојуз смета дека треба да се направи инфраструктурно уредување на дел од улиците во населбата „Петочна вода“, дислокација на дел од ромското население, како и реализација на програма за социјална помош со цел да се зголеми опфатот на население“, изјави за НОВА битолската пратеничка Јулијана Силјановска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.