Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жозеп Борел: Не можам да ви ветам датум!

0
By Соња Крамарска on March 14, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не можам да ви ветам датум – рече високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел, на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Ковачевски, по средбата што ја имаа во владата, откако новинарите инсистираа тој да одговори на прашањето дали Северна Македонија ќе ги почне преговорите во јуни.

Борел ја поздрави поддршката на Северна Македонија на Украина и на украинскиот народ, и што нашата земја се придружи кон санкциите за Русија, но подвлече дека добивањето датум за пристапни преговори ќе се случи кога ќе биде изнајдено решение со Бугарија и ќе биде постигнат напредок во реформите.

Премиерот Димитар Ковачевски рече пак дека добивањето на датумот има стратешко значење за Унијата и за регионот, поради случувањата во Украина и додаде дека Северна Македонија треба да почне преговори без одлагање.

„Со премиерот Петков на Бугарија градиме нов дух на пријателство, и сме посветени на изнаоаѓање решение. Тоа решение треба да биде во согласност со Уставот и законите, со взаемно почитување на двете држави и двата народи и во согласност со Резолуцијата што ја донесовме во нашето Собрание“, рече Ковачевски кој на новинарското прашање дали побарал денес од Борел датум во јуни, рече дека не се врзува за датуми туку за процеси.

Подетално за пораките од прес-конференцијата во поширок извештај на Нова.

(С.К.)

 

Борел Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.