Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Жозеп Борел на меѓувладината конференција: Направивме голем пробив !

0
By Mirjana on July 19, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 19, 2022 11:12

Република Северна Македонија е целосно подготвена за отпочнување на процесот на пристапни преговори со Европската унија како и институциите за процесот на скрининг кој почнува од денеска. Горд сум што на мојот мајчин македонски јазик ќе се водат преговорите за време на целиот пристапен процес и што на македонски јазик ќе биде потпишан Договорот за полноправно членство а македонскиот јазик ќе биде еднаков со останатите 24 официјални јазици на Европската Унија, рече во својата изјава на меѓувладината конференција РСМ – ЕУ во Брисел, премиерот Димитар Ковачевски.

,,После 17 години чекање, после 17 години носење на тешки, важни, патриотски одлуки Република Северна Македонија денес ги започнува преговорите за полноправно членство во ЕУ. Во овој голем ден вградена е работата, трудот на сите граѓани на државата без разлика на нивната етничка, верска или било каква друга припадност. Вграден е трудот и работата на голем број лидери на државата од нејзиното осамостојување, од првиот претседател Киро Глигоров, премиерот Кљусев, преку претседателот Борис Трајковски, Црвенковски и другите премиери, министри на државата. Сите вработени во институциите кои работеа на подготовки на Република Северна Македонија за отпочнување на преговорите, изјави премиерот Ковачевски како дел од воведната изјава на меѓувладината конференција во Брисел.

„Ова е резултат и на големата одлука што граѓаните преку своите пратеници во Собранието ја донесоа во изминатите денови каде што многу јасно кажавме дека ние сме држава која што е Европа во мало и која што цивилизациски, историски и на секој друг начин припаѓа во ЕУ, рече премиерот Ковачевски.

Ковачевски прогнозира дека земјава ќе биде целосно подготвена за влез во ЕУ до крајот на 2030 година. Ова е последна етапа од овој долгоочекуван, заслужен, историски и децениски сон на многу политичари, влади, НВО – организации, медиуми, новинари, и ова им го посветуваме на сите нив, рече Ковачевски кој вети транспарентност во работењето и инклузивност за вклучување на опозицијата и на сите во општеството во пристапниот процес.

„ Денеска направивме голем пробив, Република Северна Македонија оди кон следна фаза во своите односи со ЕУ. Јас можам да ви кажам дека ние сме до вас за цело време на овој пат и ќе ви помогнеме на тоа патување, изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

Тој се осврна на темата за идентитетот.

„На патот кон ЕУ нема да го загубите својот идентитет. Никој од нас не го губи. Вам не ви требаат заклучоци од Советот за да го знаете тоа. Вашиот идентитет ќе остане и ќе биде зголемен со другите идентитети, кои не се алтернативни, туку се надополнуваат. Затоа сме тука денес. Ни требате. Ни треба Северна Македонија за да го надополни нашиот сложен идентитет. Потребни сме си едни на други затоа што заедно сме посилни, истакна Борел.

Еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика Оливер Вархеји и го честита на Македонија почетокот на преговорите и напорите на чешкото и на француското претседателство за да се дојде до овој момент. Гласањето во саботата беше решителен чекор и чекор за носење на демократски одлуки за напредокот на вашата земја, рече Вархеји.

„Денешната конференција е заслужено признание за она што вашата земја го постигна изминативе години во унапредувањето на реформите. Северна Македонија продолжува да ги исполнува сите услови. Продолжете со добрата работа во интерните реформи и зацврстувањето на демократските институции, рече еврокомесарот за проширување.

„Клучно е да се остане во процесот и затоа ќе организираме уште една меѓувладина конференција веднаш по усвојувањето на уставните измени, на која внимание ќе посветиме на кластерот Основи во кој се поместени економските критериуми, политичките, судството …Комисијата е подготвена веднаш да почне со скринингот и ние тоа ќе го направиме уште попладнево, рече Вархеји.

Мирјана Трпческа

 

воведни обраќања меѓувладина конференција Брисел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026Updated:June 16, 2026

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

ВЕСТИ June 16, 2026

Неколку ирански бродови поминаа низ зоната на американската поморска блокада во Оманскиот Залив, според иранските…

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

June 15, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.