Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жртвата потврдила дека децата тепани од Алфите не сториле грабеж

0
By Менче Атанасова Точи on May 22, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 22, 2014 14:30

Двете малолетни деца за кои родителите обвинија дека биле тепани и малтретирани од Алфите за да признаат дека украле женска чанта, не сториле никакво кривично и не го направиле грабежот. Ова го покажало денешното соочување со оштетената која изјавила дека не ги познава децата и дека тие не се сторители на грабежот.

По, ова семејството ќе поднесе тужба против полициските Алфи, а во случајот ќе им помага Хелсиншкиот комитет.

Вчера, родителите пред камерата на НОВА изјавија дека двете деца, едното на возраст од 12, а другото на 17 години биле застанати пред црквата Св. Спас кај Кале, од неколку припадници на алфите кои почнале да ги удираат со клоци, тупаници и шамари, при што им вршеле притисок да признаат дека ја украле женска чанта.

-Син ми е тепан и од страв морал да признае дека тој ја земал чантата. Поради ударите го однесовме на лекар, имаме снимки, анализи кои ќе послужат како доказ, изјави вчера за НОВА Заими Мишкоски татко на едно од децата.

Децата од ромска националност кои живеат во бараките во близина на црквата, во понеделникот вечерта биле пресретнати од алфите при што, според сведоштво на родителите била употребена сила и децата завршиле во болница. 

– Го пратив син ми да купи нешто за јадење, ние живееме блиску во бараките, но по пат него и братучедот ги пресретнале Алфите и почнале да ги тепаат. Кога ми јавија веднаш истрчавме сите. Децата беа тепани и малтретирани пред наши очи за нешто што не го сториле, околу 30 луѓе сме сведоци на бруталноста на Алфите, изјави пред камерата на НОВА Рамиз Усеинов татко на Арамандо, едно од децата.

Семејствата во шок, случајот го пријавиле во Хелсиншкиот комитет и во невладината организација „Амбрела“ , а потоа и во полицијата.

Во СВР Скопје изјавија дека доколку семејствата сметаат дека има пречекорување на службената положба да пријават во Внатрешна контрола на МВР.

Во Хелсиншкиот комитет велат дека ова не е прв случај алфите да ја злоупотребат својата службена положба и да употребат прекумерна сила. Пред месец и половина во Хелсиншки е регистриран уште ден случај на брутално претепување од страна на Алфите, и тоа на истото место кај црквата Св. Спас. Случајот е пријавен и во Внатрешна контрола на МВР, но надлежните се уште не се изјасниле, ниту покренале било каква постапка против припадниците на безбедносните сили, Алфи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.