Свечената церемонија на ФИФА наречена „The Best“ почна да ги дава првите победници на престижните награди, а признанијата започнаа со доделените трофеи за најдобар гол, најдобар тренер и најдобар голман.
Првата награда вечерва замина во рацете на Зинедин Зидан кој е прогласен за тренер на 2017 година. Французинот со Реал Мадрид, сезоната која е зад нас имаше доста успешна и плодна работа. Ја одбрани титулата во ЛШ што е за првпат во историјата на ова натпреварување. Исто така ја освои и домшаната, шпанска лига.
Што се однесува до наградатa за најдобар голман која првпат ја доделува ФИФА, истата му припадна на Џанлуиџи Буфон кој во трката ги победи Мануел Нојер и Кејлор Навас.
За најдобро ремек – дело меѓу погодоците е награден Оливие Жиру и неговиот „скорпион“ гол против Кристал Палас.
https://www.youtube.com/watch?v=5U25HDzpG-E