Верувам дека ќе најдеме решение во најскоро време изјави кусо за НОВА, градоначалникот на Струга, Зијадин Села нагласувајќи дека ќе продолжат разговоритте со г. Тимотеј, струшкиот муфтија Салим Сулејмани.
Во меѓувреме претседателката на Комисијата за односи со верските заедници Валентина Божиновска смета дека во решавање на спорот во Октиси треба да се вклучат и архиепископот на Македонската православна црква г.г. Стефан и поглаварот на ИВЗ Реиз ул Улема Хаџи Сулејман Реџепи.
– Таму каде што, гледаме сега, дека верските лидери не можат да најдат заеднички јазик, Комисијата ќе мора веднаш и брзо да се вклучи во разрешување на таканаречениот спор „Октиси“. Секој ден сум во контакт со митрополитот Тимотеј, еве и со Реисот ул Улема Хаџи Сулејман Реџепи имавме некакво заедничко видување и мислам дека до крајот на неделата или веќе од идниот понеделник ќе имаме некаква средба и почетоци на разрешување на спорот, изјави Божниновска.




