Published: Sunday, November 10, 2013 13:53
Новинарот и сопственик на списанието „Капитал“, Љупчо Зиков, ќе ја предводи Алијансата за позитивна Македонија, откако на денешното основачко собрание беше избран со акламација.
Тој беше и единствен кандидат за претседателската позиција.
Бизнисменот Минчо Јорданов е избран за претседател на Советот на Алијансата за Позитивна Македонија.
Иницијатори на создавањето на Алијансата за позитивна Македонија се Минчо Јорданов, Владо Бучковски и Љупчо Зиков.
Во интервју за НОВА пред месец и половина, Зиков изјави дека премиерот Груевски не е закана за нивната партија и дека се отворени за коалиција со сите партии.




