Љупчо Зиков, еден од основачите на Позитивна Македонија најавува можност за затворање на Железара, доколку се покаже дека не е финансиски исплатливо да се запре загадувањето, во контекст на барањето на премиерот Груевски загадувачите- фабрики да преземат мерки, затоа што ќе бидат затворени.
Зиков ваквата опција ја најавува во интервју за НОВА, каде говори за можните притисоци на власта кон Минчо Јорданов, сопственик на Железара и еден од основачите на Позитивна Македонија, едно од прашањата е обвинувањата на Зоран Божиновски, сопственикот на порталот Буревесник кон Јорданов дека е лидер на злосторничкото здружение во случајот Шпион, за критиките на премиерот Груевски кон богатите бизнисмени за немање општествена одговорност, како и за судскиот случај Бучковски, кој исто така е еден од основачите на Позитивна Македонија.
Интервјуто на Биљана Секуловска ќе го емитуваме во 18 часот.




