Published: Monday, January 6, 2014 16:27
Одлуката за продолжување на притворот на Шиповиќ е незаконска, тврди неговиот адвокат Стерјо Зиков.
Тој вели дека се работи за незаконска одлука, која не е поткрепена со ништо. Образложението на Судот дека основа за одлуката е можно бегство и дека тој бил приведен по меѓународна потерница не држи, бидејќи Шиповик доброволно се врати од САД за да и` се пријави на полицијата и да докаже дека е невин, вели адвокатот.




