Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Велигден

0
By Zoran Ivanov on April 9, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 9, 2026 08:02

На Велигден се поздравуваме со поздравот “Христос воскресе!”, а возвраќаме со поздравот “Навистина воскресна”.
Велигден е празник над празниците, центар на православната вера. Со доаѓањето на Велигден, се празнува победата на животот над смртта. Велигден и празниците поврзани со него секоја година паѓаат на различен датум.

Пред одбележувањето на најголемиот христијански празник, претходи четириесетдневен пост. Постот претходи на Велигден, но на него се надоврзува последната седмица пред Велигден која се нарекува Страсната седмица.

Таа почнува од Лазарева сабота и Цветници, кои се врзани празници. Овие два празника всушност се влез во Страсната седмица. За верниците, периодот пред празникот претставува патување исполнето со: покајание, прошка, измирување, молитва, пост и учење.

Зошто е важна последната седмица пред велигден
Затоа што таа е подготовка за дочекување на главниот празник, на Велигден. Последната седмица пред Велигден е специфична и е страдална седмица и затоа се нарекува Страсна или Страдална седмица. Тогаш се интензивираат и службите во православните цркви.

Велики петок има огромно значење во пресрет на прославата на велигден
Велики петок е ден кога под крстот на Христос останале само апостол Јован, Богородица и уште неколку жени. Тоа го сториле мотивирани од љубовта кон Христос.

Велики петок е ден кога се исполнува сè по што следува оплакувањето и период на тридневен молк. Од моментот на оплакување следува период на исчекување на воскресението.

Сабота – со означување на Христосовото воскресение значајно е да се напомене дека оние кои постеле треба да се причестат.

Целта на Христосовото доаѓање на Земјата е да може човека да го издигне на небото. Местото или настанот каде тоа се случува е причестувањето или влегувањето во реална мистична заедница со Бога.

Причестувањето најсоодветно е да се прави на бдението вечерно, откако ќе се објави дека е полноќ, 12 часот и откако ќе се заврти три пати околу црквата. Некои луѓе кои не можат да издржат се причестуваат на саботната литургија, а некои на утринската литургија.

Црвеното јајце е симбол на празнувањето на Велигден – дали бојадисувањето јајца во други бои е соодветен чин?
Црвеното јајце на Велигден е основен и вообичаен симбол кој може да се толкува на разни начини. Се разбира дека е соодветно да се бојадисуваат јајца во разни бои, на што особено се радуваат децата. Боењето и украсувањето на јајцата е одраз на личната креативност, внимание и љубов.

На Велигден се поздравуваме со поздравот “Христос воскресе!” – возвраќаме со поздравот “Навистина воскресна”.
Овие поздрави се протегаат се до Спасовден и тоа е период на славење. Првата седмица по Велигден, до Томината недела, се нарекува Светла седмица. Специфична е по тоа што според празнувањата е најсветиот период во годината.

 

Велигден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.