Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Знаменачкова за НоваТВ: Руската агресија го обнови интересот за проширувањето на ЕУ

0
By Ана Василевска on November 28, 2022 ИНТЕРВЈУ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Борјан Јовановски

Во декември се одржува последниот Европски Совет под претседaтелство на Чешката Република. Чешкото претседателство има амбиции за интензивирање на процесот на проширувањето. Ќе успеат ли Чесите да го мрднат од мртва точка овој значаен процес?

Борјан Јовановски разговараше со амбасадорката на Чешката Репубика во Советот на ЕУ, Житка Латал Знаменачкова.

НоваТВ: Дали може да се очекува напредок во однос на процесот на проширувањето на ЕУ за време на вашето претседавање со ЕУ?

Знаменачкова: Сега веќе можеме да кажеме дека чешкото претседателство успешно го поддржа процесот на проширување на ЕУ. Направени се многу позитивни чекори кон Западен Балкан. На самиот почеток на нашето претседателство во јули, ние со задоволство претседававме со почетокот на отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија на меѓувладините конференции. Повторно ја отворивме дискусијата за косовската визна либерализација во Советот, која веруваме дека ќе биде завршена до крајот на нашето претседателство. Самитот ЕУ-Западен Балкан ќе биде уште една пресвртница. Ние, исто така, се обидуваме да ги вклучиме земјите од Западен Балкан за да присуствуваат на различни секторски формации на Советот.

Во случајот на поврзаното трио (Украина, Молдавија, Грузија), нашата политичка цел е да го насочиме процесот на нивната перспектива за ЕУ ,​​започнат во јуни оваа година, со вклучување заедно со партнерите од Западен Балкан во важни иницијативи (оние поврзани со областа на енергија и енергетска безбедност се највидливи).

НоваТВ: Комитетот за надворешна политика на ЕУ усвои стратегија за проширувањето со која се обидува да одреди датум за прием на нови членки до крајот на оваа деценија. Какво е расположението во Советот на ЕУ за ваквиот предлог на европските пратеници?

Знаменачкова: Во процесот на проширување секогаш е тешко да се зборува за какви било рокови. Напредокот се заснова на напредокот во реформите. Новата методологија за проширување ја одразува важноста на владеењето на правото и приближувањето до правото на ЕУ. Роковите не се корисни во овој контекст бидејќи може да има и уназадување на европскиот пат.

НоваТВ: Со руската агресија во Украина има нова геополитичка реалност во Европа. Каков е планот со Западниот Балкан во овие околности?

Знаменачкова: Новата геополитичка ситуација покажа дека европското семејство се заснова на споделување заеднички вредности. Затоа ја нагласуваме важноста на усогласувањето на ЗНБП (Заедничката надворешна и безбедносна политика)  од сите партнери во регионот. Ние како ЕУ, исто така, се грижиме дека сме таму за да помогнеме во непријатната ситуација со која се соочуваме сите – особено во однос на безбедноста на енергијата и храната. Новата геополитичка ситуација ја истакна и важноста на процесот на проширување како пат кон мирот и стабилноста. Според наше мислење, тоа го обнови интересот за напредување во процесот на пристапување и со партнерите од Западен Балкан.

 НоваТВ:  Кои се досегашните резултати од  чешкото претседателство, со кои би имало одреден напредок во политиката за проширување на декемвриската седница на Советот?

Знаменачкова: Во декември целиме кон договор на Советот за амбициозни заклучоци. Спомнав други области на напредок во политиката за проширување како одговор на првото прашање.

НоваТВ: Повеќе земји членки сè уште не се заинтересирани за проширувањето кон Западен Балкан. Кои се нивните аргументи?

Знаменачкова: Ако ја погледнеме картата, сите мора да видат дека СБ е јасно дел од Европа и нивната иднина треба да биде во ЕУ. Оние кои имаат прашања за вистинскиот тајминг на пристапувањето тврдат дека земјите мора да бидат зрели и подготвени во борбата против организираниот криминал, корупцијата, независниот судски систем и јавниот сектор.

НоваТВ: Има ли некаков план што да се преземе околу намалувањето на кредибилитетот на ЕУ во регионот на Балканот?

Знаменачкова: Ние се обидуваме да ја подобриме нашата стратешка комуникација кон целиот регион на Западен Балкан. Важно е да им објасниме на луѓето колку тие се важни за нас, колку веќе се присутни во ЕУ и нејзините членки и какви проекти правиме. Мислам дека мора да се подобриме во ова, особено сега кога толку многу дезинформации кружат во регионот.

 

Европска унија Житка Латал Знаменачкова Чешка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

ВЕСТИ October 7, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „донел одлука“ за продажба на ракети „Томахавк“ со…

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.