Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ бара од Груевски аболиција за Кежаровски

0
By Нова ТВ on October 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 24, 2013 13:40

Здружението на новинарите на Македонија бара од премиерот Никола Груевски да му наложи на министерот Блерим Беџети да поднесе иницијатива до претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов за аболиција за новинарот Кежаровски, соопшти претседателот на ЗНМ, Насер Селмани на прес конференцијата која се одржа денеска пред Владата.

Селмани информираше дека тие доставиле писмо до премиерот Груевски во кое го известуваат дека уште пред два месеци, доставиле иницијатива до министерството за правда за аболиција на пресудата за новинарот Томислав Кежаровски и до ден денес немаат добиено никаков писмен одговор.

Во писмото се бара од премиерот Никола Груевски прашањето за аболиција на Кежаровски да го стави на една од наредните седници на Владата.

„Ние сметаме дека аболицијата на Кежаровски е во интерес на Македонија, прво затоа што новинарот е невин, нема направено ништо лошо, туку има откриено злоупотреба на институциите и заради тоа не смее да биде казнет и второ заради тоа што со овој случај сериозно е нарушен угледот на Македонија во светот. Ако Владата не реагира брзо на ова барање, постои опасност Македонија да биде забележана во Југоисточна Европа како црна овца во која се осудуваат новинарите заради нивните истражувачки стории. Сега се е во рацете на премиерот Никола Груевски, кој реално може да го искористи неговиот неспорен авторитет во Владата, и да му наложи на министерот Блерим Беџети да поднесе иницијатива до претседателот на државата за аболиција на Кежаровски“, порача Селмани.

Неколку стотици новинари и граѓани вчера протестираа за пресудата на новинарот Томислав Кежаровски но беа спречени од полицијата да протестираат пред Музејот на ВМРО. Откако полицијата со обрач околу објектот им забрани да се доближат до влезот, најавениот мирен протест мораше да се пресели зад Музејот, каде движењето е дозволено само надвор од полицискиот обрач. Дел од новинарите кои се обидоа да поминат покрај кордонот, беа избуткани од полицијата.

Пресудата на основниот суд Скопје 1 да го казни новинарот Томислав Кежаровски, обвинет во случајот „Ликвидација“ на четири ипол години затвор, предизвика бројни реакции во медиумската заедница, но и кај граѓаните. Осуда пристигна од повеќе меѓународни организации меѓу кои и ОБСЕ, Репортери без граници и Европската федерација на новинари (EFJ).

Новинарот Кежаровски беше уапсен пред пет месеци во полициската акција „Ликвидација“, за текст кој го објавил пред пет години во два броја на магазинот „Репортер 92“. Полицијата со специјалци го приведе Кежаровски, под сомнение дека оддал информации за сведок, за кој тврди дека бил заштитен, со што го прекршил законот. Од друга страна, тој тврди дека во своите текстови всушност открил дека се работи за лажен сведок во случајот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.