Published: Thursday, February 19, 2015 21:47
Вечерва во клубот на новинари, при одбележувањето на 69 години постоење, Комисијата за награди ги доделува двете годишни награди на добитниците за 2014 година.
Добитник на наградата „Крсте Мисирков“ за животно дело е новинарот Ерол Ризаов, а добитници на наградата „Јашар Еребара“ за едногодишно остварување за истражувачко новинарство во медиумите се новинарите Сашка Цветковска, Владо Апостолов и Мери Јордановска и новинарот Менде Младеновски.




