Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ: Со строги закони не се гарантира слобода на изразување

0
By Нова ТВ on April 26, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 26, 2017 14:36

Во Здружението на новинарите на Македонија денеска се одржа прес конференција на која присуствуваше генералниот секретар на Европската федерација на новинари, Рикардо Гутиерез. Како што рече претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, тој во Македонија е дојден во име на европските новинари да ја осуди ескалацијата на насилството против македонските новинари и да побара од македонските власти да прекине практиката на неказнивост за тоа.

– Нашиот колега Гутиерез го замоливме да го сподели со нас европското искуство околу идејата на политичките партии, кои преку нивните експозитури во граѓанскиот сектор во последно време, прават притисок во јавноста за законска регулација на работата на интеренет порталите и регулација на медиумските содржини, рече Селмани.

Во саботата Здружението на новинарите на Македонија одржа годишно собрание, на кое освен што беа усвоени извештаите за работата на ЗНМ, новинарите едногласно усвоија и Декларација за лошата состојба со медиумите во Македонија.

Основна порака од декларацијата е дека Македонија е последна земја во Европа за слобода на изразување, не заради отуство на законска регулација на интеренет порталите и медиумските соддржини, туку затоа што новинарите се изложени на жесток приотисок од власта, која користи гола сила и корупција за да ги контролира медиумите и да ја ограничи слободата на говорот.

Новинарите ја осудија политиката на неказнивост на напади против новинари. Бројот на нападите се зголеми минатата година што говори за јасната тендеција за ескалција на насиството. Половина од 45 напади регистрирани во последните четири години се случиле во 2016 година, а само во првите три месеци од 2017 година има нови пет напади. Ги повикавме институциите да ги казнат насилниците, во спротивно тие ќе понесат одговорност за евентуалните последици.

Собранието на ЗНМ јасно се изјасни против законска регулација на интернет порталите и медиумските содржини затоа што сме убедени дека со строги закони нема да ги ослободиме медиумите од контролата на државата. За нас нема дилема – повеќе закони, значи помалку слобода.

Негативните појави во медиумите, како што е говорот на омраза, не се резултат на немање закони, туку поради одбивањето на институциите да ги применат нив. Обвинителството ги одби како неосновани иницијативите на ЗНМ и на АВМУ за санкционирање на говорот на омраза на социјалните мрежи и во медиумите.

-ЗНМ со индигнација ја отфрла глупавата идеја за регулација на медиумските соддржини. Секој професионален новинар треба да одбие државата да ја оценува нивната работа како новинари. Во слободниот свет, новинарската етика се решава со саморегулаторни механизми, а не се вмешување на државата, која треба да глуми одговорен уредник на медиумите и да изрекува паричи казни за новинарите кои не работат според нивниот вкус, се вели во Декларацијата.

ЗНМ Рикардо Гутиерез
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.