Морскиот лов Аби кој неодамна почина во Зоолошката градина во Скопје, голтнал камен по што му се затнале хранопроводот и желудникот на животното, информираа од Зоолошката градина.
Причината за смртта била утврдена после обдукцијата извршена на Факултетот за ветеринарна медицина.
Аби беше донесен во Македонија од Загреб заедно со уште еден морски лав во септември 2015 година.
Во скопската Зоолошка градина изминативе четири години починаа и жирафата Орка, една лавица чие име не е познато како и мајмунчето Дино.