Published: Wednesday, November 27, 2013 15:16
Сопственикот на порталот „Буревесник“, новинарот Зоран Божиновски во интервју за српскиот портал „Мои вести“ се заканува дека ќе штрајкува со глад доколку Србија го предаде на македонските власти.
-Од моментот на моето преминување на македонската граница нема ниту да јадам ниту да пијам до мојата смрт. Јас не сакам да бидам физички и психички малтретиран, вели Божиновски.
Тој тврди дека во Македонија е баран за да го ликвидираат, а не за да му судат. Најавува и своја биографија која ќе ја подготвувал Роберт Алаѓозовски. Исто така, Божиновски вели дека неговиот адвокат во Србија кој ја подготвува неговата одбрана ќе бара азил во негово име во Србија.




