Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зоран Попов, Теута Арифи и Виктор Димовски ги пакуваат куферите за Вашингтон, Брисел и Париз

0
By Соња Крамарска on April 6, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата и официјално ја донесе одлуката за амбасадори на Република Северна Македонија во Вашингтон, мисијата во ЕУ во Брисел и во Париз да ги именува Зоран Попов, Теута Арифи и Виктор Димовски.
Зоран Попов е актуелен државен секретар во МНР. Попов е дипломат од кариера кој пред назначувањето за државен секретар во 2017 беше во дипломатска мисија во Брисел. Попов има искуство и во меѓународните организации каков што е Регионалниот совет за соработка со седиште во Сараево.

Ова ќе биде прв амбасадорски мандат на Зоран Попов. Одлуката на Владата Попов да ја извршува оваа престижна дипломатска функција дојде по неуспехот во Вашингтон да биде испратен професорот Љубомир Фрчкоски. САД минатата година не ги прифатија агреманите на професорот Фрчкоски по што беше донесена одлука тој да биде испратен за шеф на мисијата во Обединетите Нации во Њујорк.

Инаку Македонија нема амбасадор во Вашингтон од 2018 до кога на таа функција се наоѓаше поранешниот вицепремиер за европски интеграции Васко Наумовски.
Во Брисел, во мисијата во ЕУ на местото на Агнеса Руси која е сега именувана за нов амбасадор во Софија заминува поранешната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи. Теута Арифи беше и вицепремиерка за европски интеграции во една од владите на Никола Груевски. Ова е прва дипломатска мисија на Арифи.
На истата седница е потврдена и одлуката за амбасадор во Париз да биде именуван Виктор Димовски кој е актуелен директор на Агенцијата за национална безбедност. Димовски во својата долгогодишна кариера беше и амбасадор на Македонија во Белград. (Б.Ј.)

 

Виктор Димовски Зоран Попов Теута Арифи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.