Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто бугарските пасоши се поопасни од каква било одлука на некаква историска комисија?

0
By Zoran Ivanov on June 14, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 14, 2026 17:13

Македонија е до тој степен заглавена во сопствената изгубена позиција, што денес таа нема ниту јасна позиција што е нејзин национален интерес. Во секое нормално општество националниот интерес се гледа низ призмата на иднината на државата, само кај нас националниот интерес се одредува низ искривен сверно огледало на популизмот.Еве на пример да зборуваме за идентитетот и бугарската стратегија за негово оспорување. Популистичкиот поглед низ искривеното сверно огледало е дека нашиот идентитет ќе биде загрозен ако биде активиран процесот за членство во ЕУ, бидејќи на тој пат Македонците ќе биле бугаризирани. Во ред. За да не падне теслата и да отепа детето, национален интерес е да се седи дома поред огништето и сè така додека не помине биолошкото време за да се има деца.

Марјан Никокловски

Најдобриот опис за процесот на македонските евроинтеграции, веќе четврта година, е народната приказна за теслата и детето. „Ќе падне теслата, ќе отепа детето …“. Таа произлегува од едно сиромашно, необразовано семејство кое со години одбива да има дете затоа што нема гаранции дека ако детето се роди, нема да падне теслата и да го отепа.

Лулката во која ќе треба да спие нероденото дете е до ѕидот на кој погоре е закачена теслата. Седат цела фамилија, думаат, мозгаат и заклучуваат дека подобро е да не се прави дете, бидејќи опасноста ако се роди да се откачи теслата и да падне врз детето и да го отепа е голема. Толку голема што немале никаква гаранција дека такво нешто нема да се случи. Значи подобро е да не правиме деца, бидејќи и да ги направиме, теслата може да ги отепа. Да, може да ги отепа, ама може и да не ги отепа.

Кај мрзливите, и оние без капацитет да понесат одговорности, оваа приказна е секогаш најсоодветна за нивната состојба. Што ќе садам компир, нема кај да го продадам. А и да има кај да го продадам, ќе фати суша. А и ако не фати суша, сигурно кртот ќе го изеде … и сè така со години.

35 години во Македонија никој не се занивама со сериозни анализи на долг рок од кои може да се види што може да се изгуби, а што може да се добие ако некои нешта навреме се направат. Од денешна дистанца искуството со спорот со Грција покажува дека, никој ништо не научил.

Во недостаток на стратешки анализи, најлесно е да се бара виновник и тој во различни временски периоди е различен профил. Заедничко за сите виновници е дека сите не мразат и сите не негираат. А има ли држава во светот, која низ својата историја не поминала низ истите процеси, процеси на негирање, процеси на омаловажување? Нема, и затоа ниту Македонија не е исклучок, ниту ќе биде исклучок. Секоја држава, во зависност од своите капацитети и моќ прави тоа што мора за да стаса до тоа што го посакува. Секоја, освен онаа што не знае што посакува.

Македонија е до тој степен заглавена во сопствената изгубена позиција, што денес таа нема ниту јасна позиција што е нејзин национален интерес. Во секое нормално општество националниот интерес се гледа низ призмата на иднината на државата, само кај нас националниот интерес се одредува низ искривен сверно огледало на популизмот.

Еве на пример да зборуваме за идентитетот и бугарската стратегија за негово оспорување.

Популистичкиот поглед низ искривеното сверно огледало е дека нашиот идентитет ќе биде загрозен ако биде активиран процесот за членство во ЕУ, бидејќи на тој пат Македонците ќе биле бугаризирани. Во ред. За да не падне теслата и да отепа детето, национален интерес е да се седи дома поред огништето и сè така додека не помине биолошкото време за да се има деца. Тој светоглед на еден необразован, прост и сиромашен човек е легитимен. Така Петко знае, така деца прави … Но, националниот идентитет на тоа семејство завршува со биолошката смрт на мажот и жената. Нема деца, нема идентитет. Куќата останува празна, таму е и теслата, таму е и празната лулка. По извесно време во куќата ќе се насели некој друг, па можеби ќе реши да ја тргне теслата на друг ѕид, а во лулката ќе изгледа едно, две, три деца. Неговиот идентитет има иднина, неговиот идентитет е жив. Жив е затоа што не се оптеретувал со глупите флоскули на нешто што може, а и што не мора да биде. И куќата и имотот и иднината сега се негови и на неговиот идентитет.

Погледот кон националниот идентитет, низ призмата на иднината на државата е сосема поинаков. Тој можеби е ризичен, но е реалистичен, исправен и на крајот од тунелот остварлив. Дали на тој пат има последици? Да!. Дали тие се ненадоместливи? Не! Затоа што целта е постигната, цената е можеби скапа, но измерена со вредноста на иднината на државата, таа е релативна, затоа што на крајот од денот националниот идентитет е можен и одржлив, само ако државата како политички субјект е одржлива и опстојлива. Идентитетите ги градат државите, а не поединците.

Зошто Македонија одработува за бугарскиот национален идентитет?

Бугарските пасоши во Македонија се исто така тема за која никој, никогаш не направил сериозна анализа. Нивната оправданост овде се гледа низ призмата дека тоа се процеси кои македонските државјани ги прават заради егзистенцијални причини. И тоа во најголема мерка е точно.

Но, зошто бугарските пасоши во Македонија сè поголема опасност за националниот идентитет, отколку какви било одлуки на некаква историска комисија? Која може, а и не мора да носи одлуки. На тоа прашање никој не бара одговор. А одговорот е многу поразителен.

Популистичката политика во Македонија доведе до експанзија на македонски државјани, најмногу Македонци, но и Албанци, Турци, Власи, Роми, па и Срби, кои изминативе три децении извадија бугарски пасоши. Тезата дека тоа се само емиграциски процеси за егзистенција е разбирлива. Јас на пример тврдам и дека 99% од оние кои имаат бугарски пасоши во Македонија, (претежно политичари, бизнисмени, но и обични луѓе) се носители на антибугарската кампања во Македонија. Но, што е чудно? Чудно е што Бугарија никој од овие лица не ги санкционира, а има обврска, бидејќи секој што декларирал бугарска самосвест, потпишал и дека нема да шири говор на омраза кон „својата татковина“ во случајот Бугарија. Тоа што Софија не ги санкционира тие лица, укажува на тоа дека постои поголем национален интерес за нешто, што е суштината на бугарските пасоши. А тоа не е за денеска, како што ние гледаме на нив. Туку за иднината. За 50-100 години од сега.

Впрочем за што спориме ние денес со Бугарија, односно за што спорат потомците на генерациите од 18 и од 19 век?

Спорат за идентитетот на нивните предци. Поточно спорат за „егзархискиот идентитет“. Бугарија во денешните свои архиви ги има сите документи според кои егзархискиот идентитет е дефиниран како бугарски идентитет. Тоа е главниот аргумент на бугарските историчари кога зборуваат дека македонското население е бугарско во тој период, а не македонско. Тие имаат документација, а ние немаме контрааргументација.

Македонската историографија, последните 35 години не успеа да изнајде јасно, издржано, научно толкување на тоа што значи припадноста на Егзархијата и тогашното самоопределување на огромен број дејци како Бугари. Напротив, три децении тоа прашање е табу-тема, чат-пат со некаква теза дека така морале да се пишуваат за да можеле да се образоваат. Во ред, но тоа не е издржана антитеза со која може да се побијат документите.

Дополнително, ако го оставиме егзархискиот идентитет настрана. Да го земеме патријаршискиот идентитет. Ниту овде македонската историографија нема објаснувања. Но, внимавајте за разлика од припадниците кон егзархискиот идентитет, македонската историја на припадниците кон патријаршискиот идентитет гледа како на национални предавници. За Македонци ги смета оние кои се пишувале за Бугари, а за предавници ги смета оние кои се пишувале како грчки Македонци.

Но, што се ова има врска со денешните бугарски пасоши

Бугарските пасоши во Македонија се појавуваат некаде средината на деведесеттите, кога државата со двоцифрена царинска стапка сè уште штити српско производство на автомобили. Во тој период Бугарија, од целосно затворена, комплетно се отвора за Запад. Па на пазарот во Бугарија москвичите, волгите и жегулите, преку ноќ се менуваат со голфови, адуда, мерцедеси и ред други стари, но евтини возила. Македонците со намера да ги заменат заставите и по некоја лада, купуваат бугарски возила за многу поевтини пари. Наоѓаат модел да ги возат во Македонија на бугарски таблици, ако имаат и бугарски документи. Софија на тој процес одговара со раширени раце. Првите бугарски пасоши во Македонија се токму за тоа. Тој процес забавува некаде 1999 година, кога владата Љубчо Георгиевски прв пат овозможува увоз на стари возила по поволни услови, но процесот на бугарски возила во Македонија и понатаму останува.

Најголема експанзија на бугарски пасоши има од 2008 година, една година откако Бугарија влезе во ЕУ, па се до некаде 2018 година. Таа година се регистрирани најмалку барања и најмалку одобрувања, поради две причини. Првата е што во Македонија има некаква надеж дека процесот кон ЕУ ќе се придвижи, а втората, можеби посуштинска е што Брисел отвори истрага за бугарските пасоши.

Третиот бран на масовно барање за бугарски пасоши е од 2023 година, кој добива секоја година сè поголем интензитет. Причината е јасната слика дека Македонија не оди кон ЕУ, а младите немаат време да губат години овде.

И сега доаѓаме до суштината. Ирелевнатно е дали сега има 250.000 или 300.000 бугарски пасоши во Македонија. Загрижувачкото е што за десет, дваесет години од сега во Македонија може да има и до 1 милион бугарски пасоши. Да, тоа во овој сегашен историски контекст можеби за некого ништо не значи. Но, проблемот ќе се појави кај генерациите после нас, кај нашите внуци, кај нашите правнуци. Односно 50 до 100 години подоцна, истите тие генерации ќе го имаат истиот идентитетски спор, како што ние сега го имаме. Разликата е во тоа што нашите потомци ќе го имаат зборот дека тоа биле иселенички процеси, морале да се пишат Бугари, за да одат во Европа. Но нивните потомци ќе ги имаат документите, а во нив пишува дека населението во Македонија (можеби тогаш сè уште Северна, можеби не) било бугарско. Па ќе дебатираат дали нивниот дедо (во овој период сегашен, како висок македонски функционер) бил, или не бил Бугарин. Со други зборови, нашата неспособност да го заштитиме националниот идентитет, иако имаме сега држава, ќе им го оставиме во наследство кое ќе продуцира вековни поделби меѓу двете држави.

И пред крај. Кој е интересот на Софија од сето тоа? Секако за да некој ова го турка со години, мора да има поголем интерес. Тој нивни интерес треба да се бара, онаму каде што тие сега и официјално и неофицијално ги лоцираат негирање на македонскиот идентитет. Годините се од 1944 па до денеска. Тезата е дека пред тоа се е бугарско, а македонскиот идентитет настанува во Титова Југославија.

Од 1944 до 1996 во Македонија никој не вади бугарски пасоши. Тоа е празниот период во бугарската архива и за тој период тие еве не спорат, без разлика што тој период го толкуваат како насилна промена на свеста кај населението од страна на фамозните Комунисти.

Но од 1996 година, па се до годините подоцна, кога бројката на бугарски пасоши во Македонија ќе надмине 1 милион, за бугарската историја ќе бидат златните години на ребугаризација на населението во Македонија. Тоа за нив ќе биде триумф над „насилните политики на фамозните комунисти“, бидејќи самите Македонци, без никој да ги тера, отишле во Софија и потпишале дека се Бугари.

Не заборавајте дека се ова е процес од речиси три века, со еден прекин од 50 години. За целиот овој период Бугарија има документи во кои Македонците се декларираат како Бугари и тоа агресивно го користи и ќе го користи. Ние имавме можност тој прекин од 50 години да го направиме вековен и егзархискиот идентитет да остане само историја, но нашите популисти решија да им дадат легитимитет на бугарските тези.

Сериозна држава, со изградени сериозни стратешки анализи, некои прашања ќе ги затвореше уште во првата деценија од својата независност и ќе ги постигнеше националните цели, заедно со можеби Словенија. Можеби ќе платеше цена, но сигурно поевтина од она што ја плаќа три децении подоцна. А во тие анализи сигурно ќе имаше место и за демонстрирање на моќ врз некои други кои подоцна одеа по патот на остварување на нивните цели.

Едно е сигурно немаше да има ниту 20.000, а не 200.000 бугарски пасоши.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

колумна Марјан Николовски ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 14, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

ВЕСТИ June 14, 2026

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај…

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.