Откако Грција ги отвори пост-ковид границите по подолго време, а со тоа зачестија посетите на нашите граѓани кај јужниот сосед, се повеќе од нив прашуваат: Зошто сè уште на сообраќајните табли во Грција, котираме и сме напишани како Скопје а не со новото уставно име Република Северна Македонија.
Покрај што е ова обврска од Преспанскиот договор, Грција не се ни обиде ни џентлменски да парира на потегот од наша страна, во врска со преименувањето на Автопатот во ,,Пријателство“, аеродромот во ,,Меѓународен аеродром – Скопје“ што одеше во пакет со менување на сообраќајните знаци а, што го направивме на самиот старт од имплементацијата на Преспанскиот акт.
Во меѓувреме, употребен е вешто трикот на таблите да се имињата на главните градови на земјите за кои се покажува правецот, а не имињата на државите, иако меѓународната пракса претпоставува во близина на границите кон било кои од земјите да се впише и името на земјата.