НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто ќе гласам за Заев

0
By Борјан Јовановски on December 9, 2016 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вчера во Брисел влегов во “Роб”, светски познат бренд на дуќани во кои се продаваат деликатеси од целиот свет.

Во “Роб” има се –  јагне од француските Пиринеји, аргентински стек , нормандиски јастог и остриги, најдобрите шпански пршути, бургоњско сирење, најдобрите француски вина или италијански тестенини, руски кавијар… и понатаму продолжете сами со листава. Едноставно најдоброто од целиот свет.

Цените се, за наши прилики, незамисливи. Се што ви набројав е меѓу 50 и 100 евра, кај за грам, кај за кило. Шетам низ “Роб” како низ музеј на храна или ако сакате некаква светска репрезентација на деликатеси.

И кога…. одеднаш налетувам на ајвар. На една од убаво дотераните полици во дуќанот. До ајварот и малиџано. Потпишано Мамас на Заеви. Нема ФИРОМ или други будалаштини и стои јасно и гласно дека е произведено во Македонија.

Искрено ретко кога низ Европа имате прилика да се почувствувате горд што сте Македонец. Со исклучок на инцидентни  ситуации каква што беше „Пред дождот“ на Милчо, ретко кога можете да посочите некоја ситуација која е наредена рамо до рамо со светски признати брендови.

Во „Роб“ нема да ве примат затоа што сте платиле илјадници евра за лобинг, нема да ви помогнат ни странски служби, чадори, Сорос или што да е…

„Роб“ е продавница чија клучна вредност е тоа што на своите богати клиенти им гарантира квалитет на секој производ на нивните рафтови. Тука компромис нема. Претпоставувам дека Заеви нашле луѓе кои го познаваат светскиот пазар и кои знаат кому и како да се обратат. Но тоа е се што тие можат да направат. Другото зависи од фирмата која, едноставно, треба да произведе квалитетен производ. Заеви тоа го направиле. Прептоставувам дека знаат како се работи за да стигнат до тоа.

И сега како сакате. Заев може да ви е Струмичанец, недоволно урбан за скопските критериуми, може да не ви се допаѓа вака или онака, но ова што го сведочам за успехот на неговото производство е експлицитна ситуација која го илустрира неговото или нивното ( Заеви) познавање на светските трендови на бизнисот.

Заев не е технократ. Заев веројатно ги нема манирите на скопските кафепијачи ниту флоскулите на умислените интелектуалци. Но затоа има сертификат од „Роб“ со признание многу поголемо од она на скопската чаршија која патем, по се што ни се случи, ако се даде можност ќе треба сериозно да си го преиспита системот на вредности кои директно или индиректно учествуваат во креирањето на амбиентот во кој во изминатите години беше овозможено да ни се наредат демагози од сите бои. Резултатот ни е познат.

Почитувам луѓе кои создаваат вредности признати на глобалниот пазар. Тоа е умешност. Па си викам, по се што видовме во изминатите 25 години време е да дадеме шанса некому кој веќе се реализирал и потврдил во она во што верувал.

Заев верува дека Македонија може да биде успешна приказна. Јас му верувам. Затоа во недела гласам за Заев. Приказната на Мамас на Заеви охрабрува.

Е сега уште да кажам зошто како новинар првпат во мојата кариера активно поддржувам некого во една изборна кампања.

За Заев уште ќе гласам затоа што машки издржа две години пласирајќи цврсти докази за сите криминали , демагогии, силеџиства на оваа власт за кои пишував уште од 2008 година поради што мене и цело семејство не дискредитираа, клеветеа и се изживуваа во обид да го неутрализираат тоа што го работам. Во 2008 поради коментар за авторитарните тенденции на Груевски бев исфрлен од Форум. Кога добив шанса да бидам главен уредник на еден медиум се спротиставија и го спречија договорт, во 2011 ни ја уништија А1 телевизијата а потоа на разни начини оневозможуваа да најдам било каков простор во медиум за да преживеам. Сакаа да ме сотрат, како што велат, и мене и целото мое семејство. Да не беше Заев со Вистината за Македонија веројатно ќе успеаа во монструозната намера.

Ете поради сето ова со мирна совеста и полно срце гласам за Зоран Заев и тоа јавно го соопштувам.

Заев избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

ВЕСТИ August 8, 2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека примирјето меѓу Русија и Украина „зависи“ од…

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

August 7, 2025

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.