Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто „Киненова“ одлучи да му додели награда за особен придонес, на контроверзниот српски актер Бранислав Лечиќ?

0
By Marta Pesevska on October 21, 2023 КУЛТУРА, СТАВ
Фото: Градска.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 21, 2023 13:22

СОЊА ТАНЕСКА

Осмото издание во натпреварувачката програма МФФ Киненова носи осум драгоцени филмски стории на дебитанти и перспективни автори кои ги рушат стереотипите на воздржаност и одважно и вртоглаво се втурнуваат во вителот на актуелното, горливото, ранливото, убавото, грдото и доброто, одмаздољубивото и рамнодушното, тажното и среќното, она што ни е на дофат, и во она што е далеку од нас, во трансцендентното и во суровото реалното.

Но, сепак, на денешната конференција, директорот на Фестивалот, Небојша Јовановиќ, претставувајќи ја програмата, го соопшти годинешниот добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност, српскиот актер, Бранислав Лечиќ.

На прашање на Градска.мк, дали за организаторите не е спорно тоа што за Лечиќ се водеа судски процеси за силување на своја колешка во Србија, а обвинението беше повлечено под нејасни околности, Јовановиќ рече:

-Ние доделуваме награда за особен придонес во филмската уметност, а не му судиме на актерот Лечиќ. Дополнително, процесот на неговото доаѓање беше договорен уште од 2018 година, еднаш го одложивме, но сега повторно го поканивме, бидејќи е навистина квалитетен автор.

На дополнително прашање, дали Јовановиќ смета дека на овој начин „Киненова“ помислува какво чувство оваа награда за актерот Лечиќ ќе предизвика кај жените, тој одговори дека на програмата има многу филмови кои ќе придонесат кон борбата против насилството врз жените и секако нивна заштита.

На прес-конференцијата присуствуваше и режисерката на „Преекспонирано“, Елеонора Венинова.

Таа рече дека не ја поддржува одлуката на „Киненова“, Лечиќ да ја добие оваа награда, бидејќи како жена смета дека општеството најчесто се става во заштита на мажот и токму затоа многу пријавени случаи за силување прекинуваат со процесите под неразјаснети околности, поради страв и закани кон жртвите.

Извор: Градска.мк

„Киненова“ Лечиќ награда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 27, 2026

Кошта: ЕУ и Индија отвораат ново поглавје во трговијата, безбедноста и врските меѓу луѓето

ВЕСТИ January 27, 2026

Денеска е историски момент кога отвораме ново поглавје во односите меѓу Европската Унија и Индија…

Трендафилов: Утре на протест за платите – не им се плашете, никому ништо не должите, должите само достоинствен живот на семејството

January 27, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

January 26, 2026

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.