Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто Мицкоски и неговата пропагандна машинерија сака политички да го ликвидира заев?

0
By Zoran Ivanov on October 21, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 21, 2025 23:25

И поред тоа што е свесен дека двата договори ја овозможија употребата во меѓународните односи на уставното име на земјата, со што беше заменета привремената референца Бивша Југословенска Република Македонија. Овозможија влез на земјата во НАТО со признати национални обележја. Го овозможија усвојувањето на Преговарачката рамка и почеток на преговорите за влез во ЕУ.  За сиот период до ден денес Мицкоски и неговата пропаганда го блокираше тие процеси, а посебно продолжувањето на преговорите за влез во ЕУ. И не само тоа.

 Тито Беличанец

Зошто толку голем страв од Заев. Скоро една година Мицкоски се обидува со комични афери како онаа со т.н. јахта, 30 катница во Дубаи, куферчињата за поткуп и други измислици да го оцрни и политички да го ликвидира Заев.

Да почнеме со споредбата на личниот профил на Заев и Мицковски како премиери.

Заев е член од најстарите бизнис семејства во Струмица и пошироко, кои бизнисите не ги почнаа во времето на приватизацијата туку многу пред тоа.

Во политиката влезе како богат бизнисмен.

Свесен за својот економски статус одби да ја зема премиерската плата и дневници. Оформи Фондација за социјална подршка на голем број социјално загрозени граѓани која ја води женаму и ден денес финански подржува разни општествено корисни манифестации. Не ја крие материјалната можност да живее соодветно на неговата добра финансиска положба.

А Мицковски кој призна дека е богат човек, си ја зема премиерската плата и дневниците а не сум чул за некоја лична социјална подршка на граѓани. И го прикрива својот имот и висок финансиски статус од јавноста, можеби и преку блиски во семејството.

Заев имаше храброст да ги потпише Преспанскиот меѓународен договор и Договорот за пријателство и соработка со Бугарија. Спроведувањето на Преспанскиот договор не беше популарно за сите граѓани во земјата, а Мицковски стори се договорите да се прогласат за “национално предавство”.

И поред тоа што е свесен дека двата договори ја овозможија употребата во меѓународните односи на уставното име на земјата, со што беше заменета привремената референца Бивша Југословенска Република Македонија. Овозможија влез на земјата во НАТО со признати национални обележја. Го овозможија усвојувањето на Преговарачката рамка и почеток на преговорите за влез во ЕУ.

За сиот период до ден денес Мицкоски и неговата пропаганда го блокираше тие процеси, а посебно продолжувањето на преговорите за влез во ЕУ. И не само тоа.

Ветуваше поништување на она што го оствари СДСМ на чело со Заев и Ковачевски, а посебно бришење на географската одредница “Северна” во уставното име на земјата.

Мицковски е свесен дека се што е потпишано мора да го прифати и спроведе. Како што ќе ги внесе и Бугарите како малцинство во Преамбулата на уставот.

Тоа е причината зошто и по освојувањето на власта покрена досега невидена кампања против Заев, кој го прогласи за предавник на националните интереси.

Денас на една ВМРООНСКА ТВ преку поранешен врвен полицаец од најстарата гарда, веројатно негов најблизок советник за реформа на судството и борба против криминалот лансира афера дека склучувањето на договорот со Бугарија и Преспанскиот договор Заев со неколку министри од СДСМ го извршил со поткуп и тоа со куферчиња полни со неколку стотици илјади евра наполнети од специјални служби од Грчката и Бугарска Влада, наведувајќи дека за тоа има само индикации но дека се работи на изнаоѓање на докази. Не наведе кој и по чии налог се врши истрагата. Овие уличарски сомневања меѓу редови ги спомна и Премиерот Мицкоски, во неколку јавни настапи. Се разбира дека деновиве ќе следи нивно јавно промовирање.

Тоа е разликата меѓу Заев сега и Филипче и Мицковски. Кои никогаш предност не давале на партиските над државните интереси.

Со обидот политички да се ликвидираат Заев и Филипче како негов соучесник Мицковски заборава дека и двата договори се склучени со учество на САД и ЕУ и силно подржани од нив, со што ги вплеткува во нивната безсмислена политичка афера. А секако јавно ги навредува Грција и Бугарија со кои истовремено има намера да преговара за добри соседски односи.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

колумна Тито Беличанец ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.