Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто МВР не го спомна каменувањето на ЛГБТИ Центарот?

0
By Нова ТВ on March 5, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 5, 2013 12:11

По хомофобичната кампања на владата и провладините медиуми сведоци сме на распламтување на говор на омраза врз основа на сексуална ориентација и на повеќекратно насилство врз активисти и организации за правата на ЛГБТИ лицата, се вели во денешното соопштение од ЛГБТИ Центарот за поддршка.

„На 24 октомври 2012 беше искршен излогот на ЛГБТИ Центарот за поддршка во Старата чаршија, неколку часа по неговото отворање.

На 17 ноември 2012 година двајца ЛГБТ активисти беа физички нападнати при подготовката на „Маршот за толеранција“.

Врз просториите на ЛГБТИ Центарот за поддршка е извршен уште еден напад и неуспешен обид истиот да биде запален“ велат од центарот.

„На социјалните мрежи ги шират следниве пораки: „Се што е педер да се истреби…“, „Каде ќе стигнам на клоци ќе ве дигам и со шамари ќе ве почестам“. Досега, ниту една институција не реагира во насока на заштита на ЛГБТИ лицата од говор на омраза и повици на насилство, како и од насилство“, забележуваат од ЛГБТИ Центарот за поддршка.

Последниот напад врз ЛГБТИ Центарот за поддршка во Старата чаршија се случи во саботата, на 02.03.2012, при што е направена значителна штета. Во соопштението на МВР „Граѓани, полицајци, пожарникари повредени во вчерашните протести-нанесена голема материјална штета“ воопшто нема никакво спомнување за каменувањето на ЛГБТИ Центарот за поддршка на Хелсиншкиот комитет, иако е спомнато каменувањето на „Музејот на Холохаустот, Музејот на ВМРО и новоизградениот Театар“.

ЛГБТИ Центарот за поддршка, Хелсиншкиот комитет и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ – Скопје упатуваат уште еден повик до властите да ги преземат сите мерки за заштита на ЛГБТИ лицата од насилство и од говор на омраза и повикување на насилство, како и да ги изведат пред лицето на правдата досегашните сторители на дела насочени против припадници, поддржувачи и организации на ЛГБТИ луѓето во Република Македонија.

ЛГБТИ Центарот за поддршка, Хелсиншкиот комитет и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ – Скопје упатуваат апел до сите кандидати за локалните избори и до политичките партии да се воздржат од говор на омраза и нетолеранција врз основа на сексуална ориентација, род или кој и да е друг статус.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.