Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто ова е критична недела за постигнување мир во Украина?

0
By Zoran Ivanov on April 28, 2025 ВОЈНА ВО УКРАИНА, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот претседател Доналд Трамп верува дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен да се откаже од Крим, и покрај претходните тврдења за полуостровот на Црното Море што Русија го анектираше во 2014 година, објавува „Гардијан“.

Во неделата, еден ден по средбата со Зеленски во Ватикан, Трамп беше прашан дали мисли дека Зеленски е подготвен да се „откаже“ од територијата, а тој одговори:
„О, мислам дека е така“.

Зеленски минатата недела рече дека Украина не може да прифати признавање на Крим како руска територија, откако Трамп го обвини дека е непопустлив по ова прашање. Тој инсистираше во тоа време дека територијата е „сопственост на украинскиот народ“.

Од друга страна, според рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, Русија не разговара за статусот на Крим како дел од преговорите со Соединетите Американски Држави за прекин на војната во Украина.„Тоа е решено прашање. Русија не преговара за интегритетот на својата територија“, изјави тој за CBS News.                                                                                                                                            Според Лавров, Трамп го разбира тоа. Во исто време, рускиот министер го критикуваше претседателот Зеленски и неговата непопустливост по прашањето за сопственоста на полуостровот.
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави за NBC дека претстојната недела може да биде „многу критична“ за напорите за завршување на војната во Украина, бидејќи претседателот Трамп врши притисок врз Москва и Киев да постигнат договор.                                                                                                „Блиску сме, но не доволно блиску“, изјави Рубио за NBC, додавајќи дека „ова ќе биде многу критична недела“.

„Мора да одлучиме дали ова е потфат во кој сакаме да продолжиме да се вклучуваме или дали е време да се фокусираме на други прашања кои се подеднакво, ако не и повеќе важни, во некои случаи“, рече Рубио.

Тој рече дека сè уште има причини за оптимизам, но и причини да се биде реалистиен во врска со шансите за постигнување договор за прекин на конфликтот што започна со руската инвазија во февруари 2022 година.

Два документи за мировен план објавени од Ројтерс минатата недела  покажуваат дека Соединетите Држави предлагаат Москва да ги задржи териториите што ги зазеде, вклучувајќи го и стратешки важниот полуостров Крим.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека предлогот на САД Украина да отстапи територија на Русија е „капитулација“ .Во интервју за германскиот радиодифузер АРД, тој нагласи дека Кијив знае дека мировниот договор може да вклучува територијални отстапки, објави Гардијан.

„Но, овие отстапки сигурно нема да одат толку далеку колку што сугерира најновиот предлог на американскиот претседател“, рече Писториус.

И покрај неговите коментари за Крим, американскиот претседател изрази нова симпатија кон својот украински колега во неделата, велејќи дека „сака да направи нешто добро за својата земја“ и „работи напорно за да го направи тоа“.

Во врска со неговиот разговор со украинскиот претседател, Трамп рече дека е „изненаден и многу разочаран“ што Русија ја бомбардираше Украина по разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и мировниот претставник на Трамп, Стив Виткоф.

„Бев многу разочаран што ракетите летаа, руски ракети“, рече американскиот претседател.

Кога новинарите го прашаа што сака Путин да направи, Трамп одговори: „Па, сакам да престане да пука. Да седне и да потпише договор. Верувам дека имаме рамковен договор и сакам да го потпише и да го заврши.“                                                                                                                                                        Трамп, исто така, рече дека неговиот однос со Зеленски се подобрил по состанокот во Ватикан.

„Видете, нашиот однос никогаш не бил лош. Имавме мала расправија затоа што не се согласував со нешто што го кажа, а камерите баш то го снимаа , и за мене тоа беше во ред. Знаете, тој е во тешка ситуација, многу тешка ситуација. Тој се соочува со многу посилна сила“, рече Трамп.

Споредувајќи го Зеленски со кого се сретна во Ватикан со оној со кого се соочи во Овалната соба во февруари, Трамп рече дека „изгледал посмирен“ и сметал дека „имал подобро разбирање на ситуацијата и покажал  подготвеност  да склучи договор“.

критична Мир Недела Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.