Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто сосила се „пумпа“ цената на горивата?

0
By Zoran Ivanov on March 10, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 10, 2026 12:35

Кога цените растеа, бензините и дизелот беа со замрзната пониска цена, но затоа, малку-малку, па ќе ги снемаше на бензинските пумпи. Сега, кога цените на берзите паднаа, нашите цени ќе бидат замрзнати на повисоко ниво.

Весна Дамчевска

Македонија не можеше да го избегне ценовниот удар на нафтата, но Регулаторната комисија за енергетика и Владата мора да бидат промислени и да постапуваат како што треба. Не може во време кога има воена интервенција во Иран и тензии на Блискиот Исток и кога состојбата со цената на нафтата се менува од час во час, некому да му текне да го менува Правилникот за формирање на највисоката цена на нафтените деривати и место секојдневно да ја пресметува цената на горивата – да ја пресметува еднаш неделно.

Кога цените растеа, бензините и дизелот беа со замрзната пониска цена, но малку-малку па ќе ги снемаше на бензинските пумпи. Сега, кога цените на берзите паднаа, нашите цени ќе бидат замрзнати на повисоко ниво, па мошне веројатно е и бензинот и дизелот да ги има во доволни количини во таков ценовен амбиент.

Ова е дефинитивно хаос, поголем не може ни да биде. Цените на нафтените деривати се коригираат во зависност од порастот или падот на нивните цени на точно одредена берза и дополнително се коригираат со растот или со падот на курсот на денарот во однос на доларот. Формулата е ставена во компјутерот на Регулаторната комисија, па да се променат параметрите во денешно време е „една минута работа“. И трговците со нафтените деривати имаат искуство со вакви интервентни и брзи промени на цените, тоа веќе го имавме за време на енергетската криза на почетокот на војната во Украина. Арно, ама…

Првите реакции по случувањата во Иран и на Блискиот Исток буквално предизвикаа експлозија на цената. Ако на 28 февруари барел сурова нафта чинеше 63-64 долари, во петокот достигна 90 долари, а завчера во утринските часови скокна на 116 долари, но потоа, истиот ден падна на 89 долари. Но, со завчерашната одлука, Регулаторната комисија го зеде предвид седумдневниот скок на цените на нафтените деривати на берзите и на курсот на доларот. Тоа одеднаш доведе до пораст на цената на дизелот за 14,5 денари, а на бензините за 5 денари. Скок каков што не се памети.

Не дека немаше да се случи и ако кумулативно секојдневно имаше зголемување, но малку по малку, а немаше да се случи повремено затворање на бензинските, немаа да се случат редиците со автомобили, нервозите, тактизирањата на нафтените компании и фрлањето прав во очи со разни изговори. Така немаше да се случи по последниот пад на цените на нафтата на берзите да чекаме корекција дури следниот понеделник, ден што Регулаторна го одбра да се изјаснува. Освен ако Регулаторна не сфати каква глупост направи, па повторно да го смени Правилникот.

Наглиот скок на цените на горивата што ни се случи завчера има повеќе шанси да ги зголеми цените на сите други производи и да ја подгрее инфлацијата, и тоа само што се потсмири достигнувајќи во февруари 2,9 проценти на годишна основа. Цените на нафтата на берзите паѓаат, но не и нашите. Минатата недела само привидно се купи време со пониските цени на горивата. Дури успеавме да имаме и значајно пониски цени од регионот, за што се пофали и премиерот Христијан Мицкоски. Тоа, пак, направи на граничните пумпи гориво да точат жители од околните земји и набргу нашите граѓани да останат без капка гориво.

Иако од сите страни стигнуваат оптимистички прогнози дека САД ќе стави крај на последниве геополитички тензии, ако сепак тоа не се случи и ако продолжи растот на цената на нафтата, има законски механизми што може да се применат за да стигнат горивата со пониска цена до граѓаните. Тоа е намалувањето на акцизата и на данокот на додадена вредност, нешто што е веќе видено. Намалувањето на акцизата е можно за 2 или за 3 денари, и се врзува со надминување на конкретна цена на конкретна берза на бензинот или на дизелот. Она од што граѓаните може да видат повеќе аир е намалувањето на ДДВ-тo од 18 на 5 проценти. Последиците за буџетот, пак, се ублажуваат со самиот раст на цените на нафтените деривати. Но, секако и овие математики треба некој да ги направи и брзо да реагира.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

весна дамчевска колумна сл.печат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.