Веќе стана синоним за Олимписките игри, победникот, на крајот од церемонијата да позира како го гризе медалот.
Овој гест стана општоприфатен и на другите натпреварувања и редовно е присутен веќе подолго време.
Но зошто спортистите го прават тоа? Дали тоа е некој нивен таен код со кој си даваат некаков сигнал? Дали медалот е сладок?
Одговорот на двете прашања е не. Фотографите едноставно ја обожаваат оваа конкретна поза.
Дејвид Валечински, претседател на Меѓународното задружение на олимписки историчари и автор на книгата Комлетна книга за Олимсписките игри, вели: Тоа е психолошки момент.
-Тоа стана опсесија на фотографите. Мислам дека тие на ова гледаат како на иконска фотографија, со која се заокружува успехот.
Судејќи по изразот на лицата на спортистите, ова објаснување всушност единствено има смисла.