Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто ѕидот на Трамп е неостварлива идеја

0
By Нова ТВ on January 19, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 19, 2019 16:23

Ветување – на лудиот радување, велат нашите српски соседи. Гласачите на Трамп не ја познаваат оваа поговорка и не знаеја дека ѕидот на границата со Мексико, едно од главните изборни ветувања на Доналд Трамп, има многу мали шанси навистина да биде изграден.

Две години по неговото доаѓање во Белата куќа, ова ветување тешко може да биде исполнето.

Трамп за време на изборната кампања

Главниот проблем не е актуелниот “shutdown” на американската администрација со кој околу 800.000 административци веќе цел месец не добиваат плата. Ова “затворање” на федералниот буџет е последица токму на ветениот ѕид на Трамп кој за негова изградба бара пари од буџетот а демократската опозиција не сака да слушне за ваков, за нив беспредметен трошок.

Постојат повеќе причини поради кои на Трамп ќе му биде исклучително тешко да го оствари изборното ветување.

Првата се парите. Како што напишавме погоре, демократската опозиција на Трамп не дава пари за ѕидот. Според Трамп, ѕидот требаше да го плати Мексико. Тој тоа упорно го повторуваше во текот на долгите изборни месеци. Се разбира, на Мексико не му е ни крај памет да го плаќа ѕидот на Трамп.

Цената на ѕидот, според Трамп, е од 8 до 12 милијарди долари. Според американскиот департман за национална безбедност ѕидот ќе чини од 20 до 25 милијарди. А според есапот на демократите 70 милијарди а оваа цена не го вклучува одржувањето на ѕидот. За опозицијата оваа сума е тотално неприфатлива па оттука и ова “затворање” на буџетот.

Друга причина е географијата на американско-мексиканската граница. Во Тексас границата ја следи реката Рио Гранде а во Аризона и Њу Мексико, границата минува низ планини па така изградбата на ѕидот, за експертите, е речиси невозможна. Трамп ова го сфати па така денес тој не зборува повеќе за ѕидот од 3.500 км туку за ѕид половина покус кој ќе биде долг од околу 1.600 км.

Прототипови на ѕидот на Трамп

Има уште една практична причина за невозможниот ѕид. Тоа е земјиштето на кое треба да се гради ѕидот а државата е сопственик на само една третина од тоа земјиште. Тоа би значело дека државата треба да направи експропријација на тој терен а тоа е процес што може да трае долги години.

Но на границата, во делот што и припаѓа на државата, веќе има ѕидови и огради изградени од тројцата претходни претседатели – Клинтон, Буш и Обама. На Трамп тоа не му е доволно. Ако не успее да го изгради ѕидот онака како што им вети на неговите поддржувачи, најверојатно е дека ќе се задржи на огради како и неговите претходници.

Американската инжињерка Еми Патрик исто така смета дека ѕидот, прво, не може да се изгради, а освен тоа дека ќе биде тотално неефикасен.

Еми Патрик смета дека идејата за ѕидот е гротеска

Според неа, ѕидот ќе нанесе огормни еколошки штети и ќе го зголеми ризикот за поплави. Таа смета дека ѕидот нема да ги спречи премините во САД:

– Може да се набави ефтина скала од јаже или пластика и со тоа ѕидот ќе може да се прескокне, вели таа. Таа додава дека во ова време на дронови, кои наскоро ќе можат да пренесат човек, ѕидот нема никаква смисла.

Нејзиниот заклучок е дека треба да се обезбеди сигурна граница но на интелигентен начин.

– Sидот не е ефикасен и со развојот на технологијата ќе биде уште понеефикасен. Sидот е скап. Идејата е гротескна, нема да успее и ќе претставува невидено расипништво, вели Патрик.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.