Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѕвездата на Матеја Матевски

0
By Биљана Секуловска on June 9, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 9, 2018 10:59

Смртта на Матеја Матевски ме затече, иако во тоа е и подлоста на самата смрт, особено кога си одат најдобрите.

 Без најава, без потчукнување по рамо, без да не предупредат барем, ви велам, тоа е перфидноста на смртта, која ќе ни ги ископа очите, тогаш кога не можеме да прогледаме и да сфатиме дека е неизбежна.

Со неговата физичка смрт, ерата на гордост и благодарност уште повеќе мора да ја имаме на ум- дека сме ги имале најголемите, највредните, најзначајните што воопшто една земја може да ги има.

Се надевам и дека со неговото затворање на оваа врата, ќе се роди една нова ера во оваа земја- ера на будење.

Знаете, ние будењето го врзуваме со понизноста и таа понизност ја препознаваме само во политички контекст, во партиски, во штабовите и низ фанфарите кога се слават лидерите, популизмот, национализмот, тогаш кога ја славиме всушност безнадежноста.

Будењето и свеста за татковците станува водечка сила на една земја, на оваа мала земја, оспорувана, понижувана, поробувана.

Којзнае како, но опстоила благодарејќи на Матеја Матевски, Блаже Конески, Петре М.Андреевски, Славко Јаневски…да ги набројам само овие имиња, тоа се современици на Матевски со кои сега тој почива меѓу ѕвездите.

На нив мислев кога говорам за важноста од будење, кое се појавува само тогаш, кога мора да се биде свесен за големината на еден талент, за идеологијата која се втемелува, за визијата без која една земја не може да опстане,  за луѓето кои врз својот грб ги понесуваа сите неправди, сета бука и врева додека се создавала една држава, што трае се до денес- несакана и отфрлувана, потценувана, понижувана, навредувана, и каков апсурд, посакувана во исто време.

Сето тоа можеше да се изнесе само со внатрешната сила која ја поседуваа, за да се изборат, за да не ослободат, за да не научат дека мора да ни се случи “заминување на светулката”, како што пишуваше Матеја Матевски.

Не мора да знаете цели песни на големите поети за да ги рецитирате. Доволно е само еден збор, само еден збор од само еден поет, од сите поети тогаш ќе можете да ги земате еден по еден зборовите, да ги градите и надградувате, да создадете свое царство на поезијата.

Само така ќе ја убиете смртта на оние кои ви го создавале идентитетот- дел е од Матевски, дел од Конески, дел од Андреевски, дел од Јаневски, запишете секој што ви ги пополнува деловите, секој што ви го градел тој идентитет, за кој само вие знаете што значи навистина.

Затоа што, идентитетот секако не подразбира дека ви го изградиле само Македонци, идентитетот не може да биде изграден само од еден народ, една култура, особено на оние кои се родиле во оваа земја, особено на оние кои се родиле во секоја земја, особено на оние кои се родиле во која било земја. Мојот идентитет е и македонски, албански, турски, влашки, се што се впива, се што се прима, се што се дише, затоа што само така може да се живее.

Тој не е имагинарен, тој не знае за граници и страв, тој се пополнува и раширува, за секој дел од наборите на кожата да се чувствува космополитски, да знае дека лимити не постојат, колку и вештачки да се повлекувани и мапите бесно фрлани по масите на големите сили.

Затоа и границите на животот не ги определува смртта- ние сме тие што имаме завет да ги отфрламе. Матеја Матевски во Циклусот на светулките пишуваше за згаснувањето, за кусовечноста на продорната светлина која ни ги пара очите, после што следува мрак, неизбежен и горк. Потоа доаѓа времето на нова светлост- светулката се претвора во ѕвезда, таа ни  покажува како да се движиме, каде, зошто- затоа и внимателно треба да чекориме, по патот кој ние сега сами го создаваме.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.