Published: Wednesday, June 25, 2014 14:26
Јавниот обвинител Марко Зврлески денеска изјави дека нема што да каже во јавноста за тоа до каде е постапката по кривичната пријава на СДСМ за случајот „Македонска Банка“.
СДСМ во кривичната пријава посочуваат дека во случајот директно е вмешан премиерот Никола Груевски.
“Сè уште работиме на случајот, кога ќе имаме детали ќе излеземе во јавноста со информации – изјави Зврлески.
Законскиот рок на обвинителството е 30 дена да се произнесе дали има основа за покренување на постапка по поднесените пријави на СДСМ.




