Алчександар Маџаровски: Не гледам зошто би учествувал во акцијата наречена генералка викенд. Да не беа таму во првите редови градоначалници, претседатели и политичари, можеби ќе излезев да чистам.
Вака не гледам причина зошто би излегол затоа што не сакам гилт трипови и пренесување на одговорност. Истиот градоначалник што ни вели дека Скопје е наша одговорност, не може да го собере ѓубрето што се прелева околу искршените контејнери повеќе од пола година.
Срамота е главната вина да му се префрла на народот и да му се прави гилт трип. Собирањето на ѓубрето не е моја одговорност, јас не сум платен да ја одржувам чистотата во градот, за тоа се платени тие.
Тоа што градот е најгнасниот главен град на Балканот а тоа значи и во Европа, не е моја одговорност. Јас ли треба да казнувам?
Јас сум инспекција?
Народот фрла. Да, знаеме дека фрла. Ама дали некој го казнува кога фрла?
Дали има инспектори? Дали има некаква кампања за чиста животна средина и чист град? Дали некој поминал да пише казни на тие што истураат градежен материјал и шут во Вардар кај што често се шетам?
Дури и новинарот што ја крева свесноста за хигиената и прави добра работа ја игра истата игра на гилт трип. Секој втор збор му е „ние не заслужуваме“, „ние не си го цениме своето“, „ние…“.
Извини, кој сме тоа ние?
Ние ја запустивме универзитетска библиотека со негрижа, дворот на универзитетот, јавните објекти и простори, јас и ти?
Фер е да се покаже најпрво на вистинските виновници. Оние што немаат ниту визија, ниту капацитет, ниту проактивност. Кога ќе го видам тоа, подготвен сум да преземам одговорност.
Во повеќе прилики кога сум бил на прошетка или на излет во природа, сум земал кеса и сум собирал ѓубре, тоа не ми е проблем.
Така што, гилт трипови на други да им правите.
Извор: Фејсбук



