Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грујевски и Бошковски побарале азил во Грција

0
By Нова ТВ on December 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 1, 2017 12:55

Денешното рочиште во судот во Солун на кое требаше да се појават поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошковски е одложено за 17 мај.

Денешното рочиште кое беше за лажните пасоши е одложено, бидејќи еден од обвинетите со исто дело како она на Грујевски и Бошковски не бил спроведен во судот. Нив требаше да им се суди како на група фатена со лажни пасоши и без правен статус во Грција.

„Алсат М“ јави дека во консултација со адвокатите од Грција кои ги застапуваат, веќе е поднесено барање за политички азил.

На 13 декември исто така Солунскиот суд треба да одлучи дали ќе го прифати барањето тие да бидат екстрадирани во Македонија. Нивните адвокати кусо објаснуваат дека во секој случај ќе има право на жалба која ќе го одложи нивното испорачување бидејќи жалбата оди до Врховниот суд во Атина.

Судското рочиште за нивна екстрадиција што беше закажано за 29 ноември беше одложено за 13 декември поради отсуство на адвокат од тричлениот адвокатски тим на Грујевски и Бошковски, од една страна, и некомплетираниот превод на документацијата испратена од македонското Министерство за правда, од друга страна.

Дотогаш се очекува судот да ги добие преводите на документите, испратени од македонското Министерство за правда.

Министерот за правда Билен Салији на денешната средба со новинарите рече дека Министерството на правда на Република Македонија уредно и навремено ја доставило целокупната документација, преведена на француски и на грчки јазик.

Грујевски и Бошковски во меѓувреме остануваат во притвор во Солун.

Двајцата беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.

Грујевски и Бошковски се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување, случаи познати како „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“. Македонските власти на 6 номври ја доставија документацијата за нивна екстрадиција од Грција.

 

Бошковски Грујевски Грција лажни пасоши политички азил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

ВЕСТИ April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан за неговите напори за посредување во обидот да се…

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.