Од:

Ким Јонг Ун се прошета на новиот аеродром, го егзекутирал архитектот

(НОВА УПАТУВА ИЗВИНУВАЊЕ ДО ЧИТАТЕЛИТЕ, ОВАА ВЕСТ Е ОБЈАВЕНА ВО ЈУНИ 2015, ПО ГРЕШКА Е АКТУЕЛИЗИРАНА)

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун пред камерите парадираше на на новоизградениот аеродром во Пјонгјанг пред неговото отворање, но како што тврдат медиумите од светот, не бил задоволен по што наредил екзекуција на архитектот Ма Вун-чун.

Тој не бил забележан во јавноста од минатата година.

Државната информативна агенција на Кореја (КЦНА), ги објави фотографиите од Јонг Ун и неговата сопруга на новиот терминал, каде што не е присутен архитектот.

Ма Вун-чун е еден од шестте дипломати кои се водат како исчезнати од минатата година. Според „Д Дипломат“, тој бил убиен во ноември бидејќи не извршувал наредби, односно бидејќи не го проектирал терминалот по стандардите на врховниот лидер.

„Дефектите се забележани во последната фаза од конструкцијата на Терминалот 2 бидејќи дизајнерите не ја земале в предвид идејата на партијата за националниот идентитет“, изјавил Ким, соопшти КЦНА.

Аеродромот е најновата проекција на Ким Јонг Ун кој сака земјата да ја направи привлечна за туристите. На него ќе се одвиваат летови од Кина и Русија, но не се очекува значителен пораст на туризмот поради ставот кој владее во земјата која важи за “отсечена“ од светот поради начинот на владеење на лидерот.



Comments are closed.