Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кирил Спировски треба да врати пари во касата на Студентски парламент

0
By Нова ТВ on May 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 24, 2017 19:06

Поранешното раководство на Студенсткиот парламент под водство на Кирил Спировски потрошилo илјадници евра, а за дел од парите нема покритие, открива Државниот ревизор. Предмет на ревизија е финансиското работење на Филозофскиот факултет во Скопје во 2015 година, а опфатена е и работата на Студентскиот парламент.

Според наодите на ревизорите, во 2015 на Студентскиот парламент му се исплатени средства во вкупен износ од 803.000 денари или  13.000 евра. Но, нема евиденција каде се потрошени 96.000 денари (1.500 евра), од кои биле исплатени хонорари и истите се ненаменски потрошени, заклучува Државниот ревизор.

 

За сметководство биле издвоени 41.000 денари, за кои неведува ревизорот, не е јасно за која цел се направени.  Од парите наменети за манифестацијата Отворен ден, биле исплатени средства за репрезентација и за технички услуги и забава, иако немало спроведено постапка за јавна набавка. А, за потрошени средства во износ од 58 илјади денари нема фактури и документи.

Извештајот бил разгледан од Деканската управа, по што е донесен заклучок дека е усвоен и се задолжува претходноро раководство да ги врати сите ненаменски потрошените пари, и со нив Студентскиот парламент да ги финансира активностите во 2016 година. Новото раководство доставило барање до Кирил Спировски за да врати 93.000 денари и да достави документација и фактури за потрошени 58 илјади денари, но заклучно со април годинава  денот парите се уште не биле вратени.

 

За раскалашеното однесување на Спировски и неговите соработници лани во септември обелодени и Студентскиот пленум. Кои обелоденија дека огромни суми од буџетот на Студентскиот парламент се потрошени за телефонски сметки, забави, авионски карти и за плати на луѓе со истечен мандат, или чии функции не постојат според статутот на организацијата, стои во финансискиот извештај за 2014-2015 година, кој го објави Студентскиот пленум.

Средствата што ги добива СПУКИМ доаѓаат од буџетот на државата, од донации и од универзитетот, но најголем процент од средствата доаѓаат од студентите.

Според извештајот на пленумот, во 2014/2015 година, СПУКИМ располагал со 2.650.000 денари, од кои 136.676 денари биле потрошени за в.д. претседателот Кирил Спировски, чиј мандат во тој период е истечен. Дополнително, плата земал и потпретседателот, кој како што нагласуваат од Пленумот, таква функција не постои во статутот на организацијата, односно фиктивно лице земало редовна плата.

Кирил Спировски Ревизорски извештај студенти Студентски парламент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

ВЕСТИ June 19, 2026

Преговорите меѓу САД и Иран за спроведување на клучниот мировен договор, што требаше да се…

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.