Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

0
By Zoran Ivanov on June 17, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 17, 2026 17:28

Европскиот парламент го усвои извештајот за напредокот на Северна Македонија.

Истовремено, не помина Амандманот 3, предложен од известувачот за Македонија Томас Вајц, со кој се бараше бришење на ставот 73 од резолуцијата.

Наместо тоа, мнозинството европратеници одлучија спорниот текст да остане дел од конечниот документ.

Во ставот 73 Европскиот парламент ја повикува Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија да постигне јасни и опипливи резултати.

Притоа, се наведува дека толкувањето на историските факти и личности од заедничката историја на двата народа треба да се темели на објективни, автентични и со докази поткрепени историски извори и документи, во согласност со Вториот протокол од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

Извештајот детално ги разгледува областите во кои се постигнува напредок и покажува дека земјата јасно се движи по патот кон Европската Унија. Истовремено, нагласува дека сè уште се потребни одредени реформи, изјави Вајц.

Во документот се посочува дека Северна Македонија заостанува во владеењето на правото, додека уставните измени и понатаму остануваат услов за продолжување на пристапниот процес.

Во конечната верзија на извештајот се наведува дека, и покрај одреден напредок, реформската агенда се спроведува бавно, а институционалните слабости и недостигот од политичка волја ја намалуваат довербата во системот.

Посебен акцент е ставен на владеењето на правото, реформите во правосудството и борбата против корупцијата.

 

 

вајц ЕП Извештај Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.