Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој е Петре Шилегов и што ветува за подобро Скопје

0
By Нова ТВ on October 13, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кандидатурата за татко на Скопје, Шилегов ја поднесе од собраниските клупи. Ова е негов втор мандат во Законодавниот дом.Тој е еден од пратениците со најмногу говори и реплики во Собранието.

Иако со години е член на СДСМ, но прв пат јавна функција доби на парламентарните избори во 2014 година. Претходно, во 2005 година бил член на второстепената комисија за жалби по јавни набавки. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваше дека како претседател на оваа комисија, Шилегов овозможил да се развиваат бизнисите на првите луѓе на СДСМ во тоа време. Го обвинуваа и за местење тендери додека бил член на второстепената комисија за жалби во владата.  Во времето на Ристо Пенов, Шилегов дел од својот работен век ја поминал во Управниот одбор на Комуналната хигиена. Како адвокат со самостојна пракса, Шилегов во тие кругови е познат по својата работа на стопанското право, а малкумина знаат дека тој своевремено застапувал и познати корпорации, како телекомуникацискиот оператор Оневип.

ПЕТТИ НАЈБОГАТ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК 

Кога дојде како пратеник во Собранието, Шилегов во неколку наврати рече дека адвокатската кариера ја ставил во втор план затоа што сакал да се бори против режимот и за правата на граѓаните и дека како адвокат заработувал многу повеќе пари, отколку како политичар. За оваа изјава ВМРО-ДПМНЕ долго време го прозиваа дека за две години како пратеник кој не се појавувал во Собранието, заработил доволно пари за да си купи два нови стана.

Шилегов е петти најбогат кандидат за градоначалник на овие локални избори, тој во Антикорупциска комисија пријавил дека на негово име и на име на неговата сопруга поседува четири стана, куќа, возило, благородни метали, приходи од закупнини, два кредита, уметнички и колекционерски предмети, удели, акции и парични средства.

Во јавноста нема многу познати случаи во кои Шилегов  се јавува како адвокат. Тој бил адвокат на поранешниот премиер Владо Бучковски во случај против Силвана Бонева. Контроверзен случај во кој Шилегов бил адвокат е „Бачило 2“. Во овој случај,  Шилегов го бранел поранешниот правобранител Миодраг Стевановиќ кој беше осуден дека со потпишување договори за денационализација и нанел штета на државата.

АНТИКОРУПЦИСКА МУ НАЈДЕ СУДИР НА ИНТЕРЕСИ

Како портпарол на партијата, Шилегов често говореше за корупцијата и криминалот што го правеле функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, па затоа и неговата адвокатска канцеларија често беше на удар од инспекции.

Државната комисија за спречување на корупција во 2015 година кај Шилегов најде судир на интереси. Тој мораше да се откаже од  управувањето на адвокатската фирма, доколку сака да продолжи да биде пратеник.

„Државната комисија за спречување на корупцијата во рамките на своите со закон утврдени надлежности, оформи и постапува по предмет што се однесува на Вас и во чии рамки утврди дека покрај функцијата пратеник во Собрание на РМ на која сте избран на Парламентарните избори одржани 2014 година, истовремено ја извршување и функцијата управител (Овластено лице) на Адвокатско друштво Шилегов и партнери – Скопје. Државната комисија за спречување на корупцијата смета дека во конкретниот случај се наоѓате во состојба на судир на интереси бидејќи согласно Законот за спречување на судир на интереси и Законот за спречување на корупција имате статус на службено лице – пратеник и дека истовремено извршувате јавни овластувања и функции. Статусот на службеното лице Ве оневозможува истовремено да извршувате повеќе функции и должности вклучувајќи ја тука и функцијата управител во адвокатско друштво“, стои во дописот до Шилегов од Антикорупциска комисија.

ГАСИФИКАЦИЈАТА И ЧИСТИОТ ВОЗДУХ – ПРИОРИТЕТ ЗА ШИЛЕГОВ

Гасификацијата на главниот град е проект кој градоначалниците со години го ветуваат, но досега никој не успеа да го реализира. Ова е и еден од приоритетните проекти кој го ветува Петре Шилегов, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје. Тој ветува и град без смог, а пред него е голем предизвик – да ги спроведе граѓаните се недоверливи во врска со секое вакво ветување.

„Во соработка со општините, ги обрзуваме инвеститорите да го надоместат изгубеното зеленило на парцелите на кои што започнале градби и да посадат соодветен број на садници. Инвестираме во градење зелени ѕидови од вертикално зеленило, зелени кровови и поставување на прочистувачи на воздухот на неколку локации. Постојаното зеленило ќе се заштити со поставување на нови заштитни гранични линии на парковите и парк-шумите зад кои нема да смее да се гради“, ветува Шилегов.

Во неговата програма може да се види и неизбежното ветување за гасифицирање на Скопје. Шилегов вели дека до секој јавен и приватен објект во Скопје ќе се заврши изградбата на примарната гасоводна мрежа, а секундарна за населбите од градот кои не се повразни на централниот топлификациски систем.

 

Петре Шилегов СДСМ. Локални избори 2017
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Британска армија: Брод се запали во Аденскиот Залив кај Јемен откако беше погоден од проектил

October 18, 2025

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025
ФОКУС

Брисел: Наместо одобрените 70 Македонија од ЕУ ќе добие само 16 милиони евра – не сме ги завршиле „домашните задачи“

ВЕСТИ October 18, 2025

Од 43 милиони евра за реформите до јуни 2025 земјата добива само 16 милиони за…

Локални избори 2025: Изборен молк – гласаат затворениците, болните и немоќните, лицата во старските домови …

October 18, 2025

ЦИВИЛ со нова акција: Прес центар и нтензивна комуникација со јавноста в недела за време на претстојниот изборен ден

October 17, 2025

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кандидатите уште денеска имаат можност да се претстават пред граѓаните

October 17, 2025
ТИКЕР

Британска армија: Брод се запали во Аденскиот Залив кај Јемен откако беше погоден од проектил

October 18, 2025

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.