Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лајчак и Владата го демантираат постот на Милошоски

0
By Нова ТВ on June 19, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 19, 2019 15:19

Министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак денеска изјави дека ниедна од 28. земји-членки на ЕУ не била против отворање преговори со Северна Македонија на вчерашниот состанок на Советот за општи работи во Луксембург.

-Немаше ниедна земја членка која што рече „не“ за Северна Македонија. Земјите членки имаа проблем со Албанија и ова е дилема со која мора да размислуваме и да се справиме со неа. Има една резолуција од Холандскиот парламент, која што вели дека тие се против покана за Албанија и мислам дека во овој период до октомври треба да биде искористен од страна на Владата во Тирана да се справи со таквата загриженост која постои во земјите членки во врска со нив. Тие рекоа дека ова не е време за проширување, треба да се фокусираме на Брегзит и на консолидација, но преовладувачкото мнение е дека вашата земја направи одлични нешта со Преспанската спогодба и заврши одлична работа со реформите и сега е наша одговорност да го завршиме нашиот дел од домашната задача и да ви упатиме покана. Очекувам да се материјализира во октомври, изјави Лајчак на прес конференцијата со министерот за надворешни работи Никола Димитров во Скопје, каде е во посета во својство на претседавач со ОБСЕ.

Оваа изјава на шефот на словачката дипломатија, кој во Скопје доаѓа од состанокот на ЕУ во Луксембург, е спротивна од тврдењето на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој на социјалните мрежи објави статус дека на ЕУ Советот „7 членки биле против датум за преговори со МК и АЛ: ФР, Холандија, Германија, Данска, Луксембург, Белгија и Шпанија. 12 членки биле за преговори: Полска, Унгарија, Словачка, Чешка, ИТ, СЛО, ХР, БГ, РО, ЕСТ, Латвија, Литванија. Грција и другите воздржани!“

Но текстот на кој Милошоски се повикува во својот статус е објавен на 29 април годинава во Фајненшел Тајмс и не се однесува на вчерашниот состанок во Луксембург, туку на средбата на Меркел и Макрон со лидерите од Западен Балкан во Берлин.

„Веста“ на Милошоски ја демантираат и од Владата. Извори од Владата за МИА велат дека ниту една држава не изразила сомнеж дека земјава ги исполнила сите задачи.

Холандија изразила очекување да се донесе Законот за Јавно обвинителство, но без негативен став и со согласност за почеток на преговорите годинава.

Најмногу за нас се „бореле“ Грција, Австрија, Словенија, Словачка, Луксембург, Унгарија, Романија, Малта, балтичките држави и еврокомеарот Јоханес Хан. Бугарија била крајно позитивна, Франција воздржана со барање на повеќе време за одлука за двете држави.

На крајот, заклучокот е донесен со консензус, сите се ЗА позитивна одлука во октомври и почеток на преговорите до крајот на годината. Сите држави се согласиле да го дополнат заклучокот со посебно признание за Договорот од Преспа и за Договорот за добрососедство со Бугарија и ги поздравиле и потврдиле резултатите од реформите. Сите се обврзале да се донесе јасна и суштинска одлука во октомври.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.