Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неделков: Власта намерачила да го растури СОНК

2
By Нова ТВ on January 21, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 21, 2015 12:42

Штрајкот на просветарите продолжува и денеска во сè поголем број, додека во неколку училишта министерството за образование веќе почна да филтрира заменски наставници на местото на оние кои штрајкуваат, велат од СОНК за НОВА.

Прекинот на наставата започна вчера, а денеска приклучени се уште три училишта во Скопје. Најмасовно е во Полошкиот регион, каде 90 отсто од членството на СОНК вчера стапи во штрајк. Се штрајкува и во Куманово и Струмица, а во Струга сите основни и средни училишта не држат настава.

Од ресорното министерство сè уште нема одговор на барањето за минимална плата, како и укинувањето на казните за наставниците поради екстерното тестирање и за другите прашања кои СОНК ги покрена уште во септември.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков вели дека просветарите се соочуваат со постојани притисоци и според реториката на надлежните, целта е да се растури СОНК како организација.

-Штрајкот на просветарите зема се поголем замав и жалам што одредени медиуми воопшто не одвојуваат време да известуваат за оваа тема. Ние немаме никаква комуникација со власта , бидејќи очигледно е дека не покажуваат никакво разбирање за нашите барања. Нивната цел е задушување на штрајкот, но освен тоа, се намерачиле и за целосно растурање на СОНК, вели Неделков за НОВА.

На само неколку дена пред најавениот генерален штрајк, група наставници излегоа со барање да не се поддржува прекинот на наставата.

– Видовме дека излегуваат наставници на прес-конференции и читаат од листови што треба да кажат. Не знам од каде е задоволството да се прави тоа на сметка на просветарите кои навистина се соочуваат со проблеми. Овие контра-штрајкувачи покажуваат само колку може да бидат ниски во својата свест, вели Неделков.

Неделков потенцираше дека и покрај притисоците штрајкот нема да прекине сè додека не се остварат барањата на наставниците.

СОНК доби поддршка и од Европската конфедерација на синдикатите за образование.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.