Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Недипломирана студентка пет месеци работи како докторка во Брза помош

9
By Менче Атанасова Точи on June 23, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Студентка на Медицински факултет без лиценца и положен државен испит пет месеци работела како лекарка во Итната медицинска помош, тврдат извори за НОВА од Здравствениот дом. Од податоците и документите од книгите каде што се евидентира секој повик, до кои дојде НОВА може да се види дека незавршената докторка се уште обавува самостојно докторска дејност, оди на повици и дава терапија на пациенти. Според вработените во Итната медицинска помош таа води смена, дежура и е “докторот” во амбулантните возила на повик придржувана од медицинска сестра и возач.

pecatmarina

 

 

 

Од документите до кои дојде НОВА, може да се види дека 24. годишната студентка поседува и печат без број, кој е стекнат незаконски бидејќи на него има право дури по добивањето на лиценца за работа.

junimarina

 

licenca

Вработени од Итната медицинска помош велат дека забележуваат дека печатот го крие од нив. Во времето на нејзиното вработување таа била се уште студентка, а нејзиното Уверение за завршен медицински факултет е во фаза на изработка, иако како докторка работи уште од февруари. Од деканатот на Медицински факултет во одделот за студентски прашања рекоа дека треба само уште деканот да го потпише Уверението за завршен медицински факултет. Но и со ова Уверение таа несмее да извршува докторска дејност бидејќи нема положено државен испит и нема лиценца за работа.

Но, не само што немала завршено медицински факултет кога почнала да работи, немала диплома , таа се уште нема право да полага државен испит после кој треба да се стекне со лиценца за работа. Најбрз рок за полагање на државен испит е во ноември годинава, велат лекари за НОВА.

Според нашите извори таа работи по договор на дело со месечни примања од 25 000 денари, а според нашите извори, наводно е примена по предлог од владеачката партија. Тоа се случило во февруари кога годинава кога во Здравствен дом биле примени 70 лица по договор на дело, етапно, велат нашите извори. НОВА праша во Лекарската комора на РМ дали во регистарот на лекари постои името на лекарката која врши докторска дејност во Итната медицинска помош. Од таму ни одговорија дека такво лице воопшто не постои, не е евидентирано.

„Во регистарот на лекари во Лекарската комора не постои такво лице, со тоа име и презиме, ниту некогаш постоело па да се пензионирало, починало и слично, изјави за НОВА Кочо Чакаларовски претседател на Лекарската комора на РМ.

НОВА побара објаснување и во Здравствениот дом за против законското работење на судентката по медицина, која извршува докторска дејност. Но директорката Татијана Баевска Вучковиќ не одговори на телефонскиот повик.

Еве како реагираше и што одговори во моментот на нашето јавување, посочената студентка кога и призна дека работи во Итната медицинска помош без лиценца за работа и без положен државен испит.

Надлежните денеска не одговорија кој го дозволил ова. Дали треба да се случи трагедија за да се откријат ваквите случаи? Дали ова е изолиран случај кој работи противзаконски или има уште такви “ доктори“ на кого граѓаните го доверуваат своето здравје, особено во ургентни случаи кога некогаш и секундите се значајни.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тројца загинати, деветмина повредени во напад со нож во глвниот град на Тајван

December 19, 2025

Влијателниот новинар Карлсон вели дека е можно Трамп до вечер да најави воен судир на САД со Венецуела

December 18, 2025

 Хаос во албанскиот парламент, пратениците запалија факели

December 18, 2025

Поранешен шеф на мртовечница на Харвард осуден на 8 години затвор за трговија со органи и тела

December 17, 2025

Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија

December 17, 2025
ФОКУС
December 19, 2025Updated:December 19, 2025

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

ВЕСТИ December 19, 2025

Шефовите на држави или влади на членките на ЕУ во рамки на вчеразапочнатиот Самит рано…

Нови скандалозни измени на Кривичниот закон

December 18, 2025

Брисел: Оптимизам во ЕУ за финансирањето на Украина – епилогот во текот на ноќва

December 18, 2025

Атина: Грција со реакција на изјавата на Мицкоски – Името Северна Македонија е дел од Уставот

December 18, 2025
ТИКЕР

Тројца загинати, деветмина повредени во напад со нож во глвниот град на Тајван

December 19, 2025

Влијателниот новинар Карлсон вели дека е можно Трамп до вечер да најави воен судир на САД со Венецуела

December 18, 2025

 Хаос во албанскиот парламент, пратениците запалија факели

December 18, 2025

Поранешен шеф на мртовечница на Харвард осуден на 8 години затвор за трговија со органи и тела

December 17, 2025

Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија

December 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.