Утрово во 7.30 часот почина 22-годишното момче кое беше повредено во сообраќајката кај Рампа во Кисела Вода. Стојанчо Андонов пет дена беше приклучен на апарати и се бореше за живот.
Андонов управувал со мотор, кога Дејан Митровски – Урко, поранешниот шеф на обезбедувањето на експремиерот Никола Груевски, го удрил со автомобилот марка „БМВ“ на рампата кај Кисела Вода.
Сообраќајната несреќа се случи на 27 јули половина час по полноќ, кога Митровски во обид да премине преку две полни линии, му го пресекол патот на мотоциклистот кој одлетал со моторот прво во билборд на тротоарот на улицата, а потоа удрил во излог од продавница.
По несреќата младиот скопјанец пет дена беше во кома, но утрово им подлегна на повредите.