НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судијката Поп-Стефанија одби мерки на претпазливост за Јанкулоска

0
By Нова ТВ on July 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Јанкуловска по распитот за Тврдина: Сосема сум спокојна, немам кривични дела
Јанкуловска по распитот за Тврдина: Сосема сум спокојна, немам кривични дела

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Александра Поп – Стефанија одби да изрече мерка на претпазливост на екс министерката за внатрешни Гордана Јанкуловска, која  е осомничена во случајот за незаконското уништување на опрема за прислушување познат како „Тврдина“ кој го отвори Специјалното обвинителство (СЈО).

Предлозите на СЈО се одбиени како неосновани, а во образложението на судијката се вели дека осомничената дала исказ дека уредно ќе се јавува на поканите од Судот.

Во врска со поднесениот предлог за определување мерки на претпазловост, судијата на претходна постапка ги испита странките во постапката и бранителот, па притоа осомничената наведе дека предлогот за определување мерки на претпазливост е неоснован со оглед дека го нема сторено кривичното дело за кое се товарела, а предметот и бил познат на јавноста подолго време и објавен јавно од страна на обвинителството пред речиси три месеци па доколку имала намера да ја напушти земјата тоа можела до сега да го стори, дека на сите покани на судот уредно се јавува а од страна на обвинителството не бил направен обид да ја повикаат, дека за водењето на постапки против неа дознава од медиумите, дека има и понатаму намера уредно да се јавува на поканите на судот како и до сега, дека по однос на една друга постапка иницирана од СЈО за која дознала од медиумите во моментот кога го презентирале случајот на нивните прес конференции била надвор од државата и кога слушнала дека е отворена постапка се вратила назад пред рокот кој и бил предвиден за враќање заради што ја променила авионската карта, дека во нејзин интерес било да биде присутна во текот на постапката и дека предложените мерки се непотребни, се вели во образложението.

Во однос на останатите осомничени од Судот вела дека по барањето на СЈО за иземање на судијата од предметот при одлучување за Јанкуловска, постапката била прекината и за останатите осомничени, па затоа и до нив испратени се покани дополнително да се јават кај судијата на претходна постапка за да се произнесат за предложените мерки.

СЈО претходно бараше  изземање на Поп Стефанија од случајот „Тврдина“ поради партиските врски на нејзиниот сопруг со ВМРО ДПМНЕ, но Апелациониот суд ја одби жалбата како неоснована по што Поп Стефанија остана да го води предметот.

Минатиот месец  СДСМ поднесе кривична пријава против истата судијка за несовесно и нестручно работење, а таква пријава доби и претседателот на судот Владимир Панчевски. Тие тврдеа дека тој ја вработил Поп Стефанија спротивно на законите. Судскиот совет неа ја распределил во судот за прекршоци во Скопје, а Панчевски без одлука на Советот ја вработил во Кривичниот суд.

Во случајот Тврдина, СЈО ги товари двајца началници од одделот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и екс-министерката за внатрешни Гордана Јанкуловска дека во март минатата година ја искористиле својата полoжба и ги пречекориле овластувањата со тоа што организирале и спроведеле уништување на два система за следење на комуникациите.

За началникот Горан Грујовски, СЈО бараше судот да му додели мерка притвор, но тој доби куќен притвор и по неколку дена беше ослободен по одлуката за аболиција, додека за останатите четворица осомничени, меѓу кои и Јанкуловска, СЈО бара мерки за претпазливост.

На последниот распит пред судија на претходна постапка Јакуловска изјави дека е сосема спокојна, оти немала направено никакви кривични дела.

Денеска актуелниот министер за внатрешни работи Митко Чавков изјави дека Грујовски е разрешен од позицијата, од одби да прецизира која е причината.

 

Јанкулоска Поп Стефанија СЈО Тврдина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.