Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во кабинетот на министерот Таравари ќе се советуваат сами со себе

5
By Менче Атанасова Точи on September 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 29, 2017 14:16

Неврологот Арбен Таравари, ќе го советува министерот за здравство Арбен Таравари. Неврологот, Мерита Исмаили Марку и советник  во кабинетот на министерот за здравство,  ќе го советува министерот од областа од неврологијата.

Од документот до кој дојде НОВА се гледа и дека државниот секретар во министерството за здравство Владимир Милошев ќе го советува министерот од областа на Максилофацијалната хирургија.  Ова се високите државни службеници во Министерството за здравство кои како Национални советници, очигледно ќе се советуваат сами себе.

Тие се дел од листата од 21 советник кои ги избрал министерот Таравари, а документот го потпишале и шефот на кабинетот Бесник Хамити и државниот секретар Владимир Милошев кој е на самата листа советници.

Секој од нив ќе зема по 12 000 денари месечно(200 евра)или вкупно од буџетот за нив ќе се одвојуваат околу 55 000 евра годишно. За разлика од сега, во време екс министерот Бујар Османи овие советници не добиваа финансиски надомест за тоа и министерот го советуваа на доброволна основа во секое време и секогаш кога било потребно.

Решението за именување на Национални советници на Министерството за здравство е донесено на 27 јули годинава, кога министерот Таравари немаше најавено дека ќе го напушти министерското место и ќе се кандидира за градоначалник.  Сепак, и како градоначалник на него, како што се гледа од документот веќе му е обезбедено советничкото место.

Но, не само за вработените од кабинетот на Таравари, во медицинските кругови веќе се коментира и за дел од имињата на останатите советници од овој состав кои членуваат по разни комисии и управни одбори каде земаат големи хонорари.

Овие Национални советници се задолжени да ја следат имплементацијата на акциските планови по установите и да му доставуваат извештај на министерот за здравство.

Во Министерството за здравство објаснуваат дека Националните советници се избрани според нивното долгогодишно локално и меѓународно искуство и експертиза. Не го коментираат судирот на интереси на одбраните советници, заедно со министерот за здравство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.