Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жестока студентска расправа: Пленумот бара прекин на изборите на СПУКМ

4
By Нова ТВ on June 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 13, 2016 16:57

Претставници на Студентскиот Пленум со барање за прекин на изборот за нов претседател на Студентскиот Парламент во рака, денеска упаднаа во неговите простории барајќи одговори од актуелниот претседател Кирил Спироски и Изборната комисија околу законитоста на целата постапка.

Пленумци тврдат дека повикот за кандидати за претседател на Студентскиот Парламент е објавен минатиот петок, односно на 10. јуни и тоа не на сите матични факултети, а рокот за пријавување е до 19. јуни, до кога заинтересираните кандидати треба да соберат најмалку 3 000 студентски потписи.

Со тоа, велат Пленумци, скртен е рокот и можноста за информирање на заинтересираните кандидати и e повредено правото на учество.

-Кирил Спировски распишал избори на 10. јуни, со рок за одржување на 30. јуни. Во овој академски календар за учебната година, одобрен од Сенатот, вели дека втората испитна сесија се одржува од 15. мај до 15. јуни. Универзитетот повторно се реактивира на 15. август со третата испитна сесија. Значи дека Кирил  Спировски со неговиот нелегален Парламент се обидува на 30. јуни да фалсификува студентски избори, се со цел да стекне легалност и легитимитет на студентските претставници за да може да се избере ректор, изјави претставничката на Студентскиот Пленум Ивана Туфегџиќ.

Вакво однесување според Пленумци е скандалозно бидејќи времето е кратко, а Правилникот за избор не им е достапен на студентите.

-Студентите се на студентски патувања, завршени им се сесиите и се вратени во своите места, со што се дискриминирани студентите што живеат во другите градови и не можат да учествуваат во постапката за кандидатура, во која за еден кандидат треба да се соберат 3 илјади потписи во просториите на овој Парламент, за да може да поднесе кандидатура, рече студентката Туфегџиќ.

На ваквите обвинувања на Пленумците, претседателот Кирил Спировски им возврати да се обратат писмено со своите барања. По вжештување на атмосферата во просториите на Студентскиот Парламент, тој ја обвини студентката Туфегџиќ дека за нејзините активности го реферира претседателот на опозициската младина.

Дел од останатите членови на Парламентот пак, ги обвинија Пленумците дека се финансирани од Сорос.

Студентите бараат Ректоратот и Сенатот  при УКИМ итно да се вклучат во решавање на студентското организирање, бидејќи сметаат дека се случува груба злоупотреба и фалсификат на студентската волја.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Истрагата за финансиската мрежа доби нов пресврт

November 2, 2026

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Истрагата за финансиската мрежа доби нов пресврт

November 2, 2026

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.