Стевчо Јакимовски: Карпош минува низ фаза која не е видена во историјата на Македонија. Граѓаните секојдневно ги чувствуваат последиците од блокираните процеси во општината. Политичкиот хаос во Карпош мора да заврши веднаш со нов изборен процес.
Атуелниот статус на првиот човек на општината е само формален. Поставен е само за да потпишува средства на жиросметка. Тој нема вистински овластувања да распишува тендери или да нарачува проекти. Дури и правниците и ревизорите биле зачудени од оваа невидена ситуација. Општината е оставена без реално менаџирање со вработените и клучните сектори. Институционалната парализа ја претвори општината во орган кој само троши без да создава вредност.
Пример е системот за улично осветлување. Во овој проект беа вложени над 1,6 милиони евра за паметен софтвер за контрола. Сепак, денес граѓаните се жалат на темни улици кои го загрозуваат нивното движење. Карпош не заслужил ваков неодговорен однос и тактизирање со лажни боледувања. Темните улици станаа симбол на негрижата на актуелната локална власт.
Извор: 4ТВ.мк



