Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јермак: Зеленски нема да потпише ниту една спогодба која подразбира територијални отстапки

0
By Zoran Ivanov on November 28, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 28, 2025 08:43

Украинскиот претседател Володимир Зеленски подготвува јасен ултиматум за следната фаза од мировните преговори со Русија. Украина нема да се откаже од ниту еден дел од својата територија во замена за мир. Ова го изјави главниот украински преговарач и најблизок соработник на Зеленски, Андриј Јермак во ексклузивното интервју за американското списание „Атлантик“.

Ниту еден нормален човек денес не би потпишал документ со кој се откажува од територијата, рече Јермак.

Тој нагласи дека Зеленски нема да потпише ниту една спогодба која подразбира територијални отстапки: Уставот го забранува тоа. Никој не може да го стори тоа без да оди против украинскиот народ.

Украинскиот тим побара средба со американскиот претседател Доналд Трамп овој викенд, но тој најпрво го испратил својот пратеник Виткоф во Москва за разговори за ревидираните услови со Кремљ.

Руската страна, пак, преку министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, најави дека нема да отстапи од своите главни барања, меѓу кои се и територијалните претензии кон Донецк и други региони на истокот и југот на Украина.

Трамп и Путин последен пат разговараа за условите за мир во август во Алјаска. Планираната средба во Будимпешта во октомври пропадна откако Лавров зазеде непопустлив став на подготвителните преговори со Марко Рубио, кој го советувал Вашингтон да не продолжува со нов претседателски самит.

Мировниот процес повторно се активираше овој месец, во момент кога масовен корупциски скандал го наруши рејтингот на Зеленски во Украина и на Запад. Истрагата на Националното биро за борба против корупција откри случаи на изнудување и перење пари во висина од околу 100 милиони долари, во кои се вмешани владини функционери и поранешен бизнис-партнер на Зеленски.

 

 

Зеленски никогаш Русите територија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.