Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Њујорк Тајмс: Најмалку 40 загинати во американскиот напад врз Венецуела, меѓу нив и цивили

0
By Zoran Ivanov on January 4, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 4, 2026 16:22

Венецуелски извори и американскиот веснок објавуваат прелиминарни податоци за жртвите од саботната воена операција.

Најмалку 40 лица, меѓу кои воен персонал и цивили, загинале во американскиот напад врз Венецуела извршен рано наутро во саботата, според прелиминарни извештаи што за Њујорк тајмс ги изнел висок венецуелски функционер кој побарал да остане анонимен.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека во операцијата нема загинати американски војници, но потврди дека неколку припадници на вооружените сили биле повредени за време на мисијата.

Подоцна истиот ден, на прес-конференција одржана во Мар-а-Лаго, генералот Ден Кејн, претседател на Здружениот штаб на вооружените сили на САД, изјави дека американските хеликоптери биле ангажирани во операција за извлекување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга, кога биле нападнати.

Според Кејн, еден од хеликоптерите бил погоден, но „останал способен за лет“, додека сите американски летала безбедно се вратиле во базите. Тој не даде дополнителни детали за точната локација и интензитетот на нападот.

Набргу по завршувањето на операцијата, почнале да пристигнуваат извештаи за цивилни жртви. Во населбата Катија Ла Мар, сиромашна крајбрежна област западно од меѓународниот аеродром во Каракас, американски воздушен удар погодил трикатна станбена зграда.

Венецуелските власти сè уште не објавиле конечен биланс на жртвите, а истрагата за последиците од нападот е во тек, пишува Њујорк Тајмс.

 

Венецуела убиени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.