Приказната за барокен Центар се сели околу седиштето на ВМРО ДПМНЕ. Барокни фасади вредни речиси 1 милион и 700 илјади евра ќе добијат 4 згради, во кои се наоѓаат и државни институции кои ротираат околу новиот штаб на владејачката партија, објави Телма.
Се работи за објектите на Министерството за труд и социјала, Државниот завод за статистика, Трговскиот центар „Палома Бјанка“. Фирмата Трансмет од Скопје ќе треба да им даде нов лик на фасадите.
Од град Скопје велат дека и за овие фасади, како и за претходно реконструираните, појдовна точка е освежување на фасадите кои се во фаза на распаѓање и нивното реконструирање се врши според еколошки стандарди и ќе имаат енергетска ефикасност.
Стилскиот пристап на авторите, велат не е критеруим за избор.